Општинскиот Совет е највисокиот орган на одлучување за сите барања во рамките на правата и
должностите на општината.
Надлежности на Советот:
- Донесува Статут на општината и други прописи;
- Донесува буџет на општината и годишна сметка на Општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за
финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и
врши надзор над нивната работа;
- Именува членови на управните одбори на јавните служби кои ги
основа;
- Усвојува програми за работа и финансиски планови за
финансирање на јавните служби кои ги основала Општината;
- Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната
сметка на Општината;
- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес
од локално значење, во согласност со законот;
- Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на
јавните служби, кои ги основала Општината;
- Одлучува за начинот за располагање на сопственоста на
Општината;
- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на
Буџетот на Општината, во согласност со законот;
- Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на
Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност
со законот;
- Го разгледува и усвојува годишниот Извештај за јавната
безбедност на подрачјето на Општината кој го доставува до
министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
- Може да дава препораки на раководното лице на подрачната
единица на Министерството за внатрешни работи од областа на
јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот и
- Врши и други работи утврдени со закон.
Делувањето на Советот на општината е во согласност со
Законот за локална самоуправа и
Статутот на општина Охрид.
|