Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Култура :: Државни институции :: Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
ОУ "Братство Единство" - Охрид
Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид
Адреса: "Македонски просветители" бр.4 П.Ф.94
Тел/факс: 046/261-063
Лице за контакт: директор Драгана Боцеска
E-mail:
contact@centarzakulturaohrid.com.mk
Веб: www.centarzakulturaohrid.com.mk

Центарот за култура "Григор Прличев" е изграден во 1959 и покрива област од 2500 м, од кои само 412м2 зафаќа само сцената. Има две концертни сали со по 800 седишта. Опремено е со систем за озвучување како и со светлосна рампа. Исто така има изложбени галерии кои зафаќаат простор од околу 750м2.

Во оваа институција се концентрирани целокупните културно-уметнички збиднувања од градот. Преку годината неговата разновидна програма е добро приспособена на интересите и потребите на граѓаните на Охрид. Нуди музика, уметност, литература, филмови, фолклор како и уметнички драми.

Визија

Да прерасне во Центар за култура кој ќе е главен водечки аниматор на креативната активност и културата; место за културно творештво еднакво достапно за сите жители на Охрид и околината, препознатлив по разновидноста и квалитетот на своите активности и културните продукти кои ги нуди.

Мисија
Едукација, сензибилизација, промоција и стимулација на различните видови творештво на локално ниво, диверсификација на културно-уметничките процеси и продукти и нивна достапност до сите целни групи.

Долгорочни цели
     »» Промоција на уметноста и културата во поширок општествен контекст/ стимулирање на т.н. социјална уметност и застапување на европски-ориентирани програми во понудата на Центарот
          - Промовирање на различните видови уметност како медиум за интеркултурна размена и дијалог;
          - Промовирање на театарот како средство за едукација и развивање на социјални вештини на младите како и развиток на нивната индивидуалност и креативност;
         - Промовирање на театарот како форум за артикулирање на потребите на различните маргинализирани социјални групи;
         - Усвојување и развој на демократски сензибилитет преку уметноста;
          - Презентација на значајни современи европски и светски трендови, искуства, методи и техники од областа на социјалната уметност.

     »» Градење капацитети и самоодржливоста на Центарот
          - Развивање на материјално-техничките и човечките ресурси;
          - Развивање на комерцијалниот аспект на активностите.

     »» Стимулирање на квалитетот во културата и уметноста
          - Воспоставување и негување на високи стандарди-од организациски аспект, како и од аспект на естетски израз-во различните видови на културно-уметничките пракси и продукти;
          - Стимулирање на алтернативните естетики и модели на продукција, како и на уметничкиот експеримент;
          - Соработка со квалитетни реномирани индивидуалци и организации од земјата и странство и трансфер на знаења и вештини од страна на истите;
          - Создавање простор за креативна соработка и размена меѓу домашните и странските уметници и творци;

     »» Стимулација на различни видови култура и уметност на локално ниво
          - Диверсификација на културно-уметничките активности и понуда на Центарот;
          - Подеднаква застапеност на различните естетики (традиционална, класична и современа уметност) како и на различните уметнички медиуми (театар, литература, сликарство, музика...).

     »» Развивање на публика и едукација
          - Едукација и сензибилизација на публиката во однос на различните видови култура и уметност;
          - Зголемување на бројот на публика;
          - Проширување на целните групи.

ГЛАВНИ ПРОГРАМИ
     »» Програма за развој на социјална уметност и култура
     »» Програма за поддршка и промоција на литературната уметност и култура
     »» Програма за градење капацитети
     »» Програма за поддршка, развој и промоција на сценско-музичка уметност и култура
     »» Програма за поддршка, развој и промоција на ликовната и применета уметност и култура
     »» Кино-програма
     »» Програма за промоција на активностите комерцијализација и развивање на само-одржливоста
     »» Балкански фестивал на народни песни и игри
Национална установа - Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј
Архиви на Македонија - подружница Охрид
Национална установа - Библиотека "Григор Прличев"
Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

Настани

Јан 27 Свети Сава празник на српската заедница

Фев 6 - Годишнина од смртта на Григор Прличев - Културна манифестација: „Прличеви Беседи“ - Патронен празник ОУ „Григор прличев“

Фев 9 Годишнина од смртта на Кирил Прличев

Календар на настани

Актуелни информации

Охридска Академија на Хуманизмот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ


  • ОТЧЕТ 2018

    Информации од урбанистичката сфера

    Информации за даночни обврзници

    Корисни линкови

    Фотографија на неделата


    Панорама на Охрид 360

     

    Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©