Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Администрација :: Секретар
Корисни информации
Секретар
Highslide JS
Секретар на општина Охрид, Д-Р. Димитар Спасески

СЕКРЕТАР НА ОПШТИНА ОХРИД
Д-р ДИМИТАР СПАСЕСКИ

Официјално за Секретар на општина Охрид именуван на 19.04.2013 година

Датум на раѓање: 06.05.1985


ОБРАЗОВАНИЕ
1) Доктор на историски науки на Институт за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Докторски труд на тема: „Македонскиот како модел за решавање на конфликти”
2) Завршени магистерски студии на Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово, Mагистер од областа на дипломатијата, Одбранет магистерскиот труд на тема: “Република Македонија на патот од кризен до мировен менаџмент”
3) Завршени додипломски студии на Факултетот за политички науки при ФОН Универзитет, насока: Меѓународна политика и дипломатија, просек 10.00
4) Завршено средно образование во Гимназија „Св. Климент Охридски”- Охрид

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
1) Секретар на општина Охрид именуван на 19.04.2013 година
2) Министерство за локална самоуправа на Република Македонија- Раководител на одделение за рамномерен регионален развој (од ноември 2011 до април 2013)
3) Национална агенција за европски образовни програми и мобилност – Раководител на одделение за односи со јавност, презентации и медиумски кампањи (од јуни 2008 до ноември 2011)

ОСТАНАТИ АНГАЖМАНИ
1) Волонтерски ангажман во повеќе невладини организации кои работат на подрачјето на Охрид и Струга и главно се занимаваат со младински проекти наменети за зближување на етничките заедници во Република Македонија
2) Активен член на Сојузот на студенти при ФОН Универзитетот
3) Генерален секретар на Средношколската Унија на Македонија, еден мандат
4) Раководител на Канцеларијата за борба против дрогата која функционираше во средните училишта како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија

УЧЕСТВО НА СЕМИНАРИ И КОНФЕРЕНЦИИ
1) Студиска посета на Бугарското министерство за регионален развој;
2) Студиска посета на Министерството за локална самоуправа на Словенија;
3) Март 2010 година учество на конференција во организација на Центарот за неформално образование Триаголник на тема: Промоција на моделите на работа кои продонесуваат кон градење на младинската политика во регионот;
4) Студиска посета на неколку Национални агенции во Европа (Словенија, Унгарија, Бугарија), како и присуство на бројни состаноци и обуки во седиштето на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Kомисија во Брисел кои се однесуваат на комуникациите и односите со јавност;
5) Декември 2006 - учество на семинар од областа на локалната самоуправа и раководењето со општините согласно новите надлежности кои ги добиваат со децентрализацијата;
6) Април 2005 - учество на конференција за значењето на Светската трговска организација во организација на Светската трговска организација и Царинската управа на Република Македонија;
7) Јануари 2005 - учество на семинар организиран од страна на меѓународниот Републикански институт ИРИ на тема: Придонесот на младите во изборните кампањи;
8) Септември 2004 - учество на првата политичка акдемија во организација на фондацијата Конрад Аденауер и ВМРО ДПМНЕ;
9) Април 2004 - Учество на конференција за можностите кои ги нудат приватните универзитети во Република Македонија во организација на Европскиот универзитет Република Македонија;
10) Август 2003 - Учество на семинар во организација на Данското министерство за надворешни работи и Средношколската унија на Македонија во Охрид на тема Cross religious discussions;
11) Јули 2003 - Учество на семинар во организација на Данското министерство за надворешни работи и Средношколската унија на Унгарија во Будимпешта на тема Cross religious discussions; ‘
12) Мај 2002 - учество на конференција на тема: Младите и реформите во организација на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија;
13) Август 2001 Учество на семинар за борба против дрогата во организација на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија;
14) Август 2000 Учество на семинар за борба против дрогата во организација на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија;

СЕМЕЕН СТАТУС
Оженет, татко на едно дете


Настани

Апр 7 Светски ден на здравјето

Апр 7 Патронен празник на ОМУ Методи Патче

Апр 8 Меѓународен ден на Ромите

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©