Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски" - Охрид
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски" - Охрид
Во своето 37-годишно постоење и развој ЕМУЦ "Св. Наум Охридски" - Охрид бележи неколку фази:
     - Формирање на Центарот, во есента 1966год. со 4 паралелки од металска струка, опфатени 140 ученици и 8 вработени во Центарот.
     - 1970/71 поради големиот интерес и потребите на охридското стопанство верифицирана е паралелка за машински техничари, а во 1973 и паралелки од трет и четврт степен од електротехничката струка, и со тоа се врши и промена на името од Металски во Електромашински Центар.
- Учебната 2003/04 има 33 паралелки, 738 ученици во електротехничката и машинската струка и 72 вработени.

Центарот е добитник на Седмоноемвриската награда во 1987 год. - највисоко признание на Охрид, а во 1990 година прогласен е за најуспешен Центар.
Центарот учествуваше во проектот "Економско образование за млади" организирано од страна на Бирото за млади.

Во рамките на проектот на ГТЗ и Бирото за развој на образованието, ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " се здоби со опрема за електротехничката струка. Во новата лабораторија се наоѓаат девет работни маси за 18 ученици, во кои можат да се изведуваат вежби од:
     1. електрични инсталации:
          - систем со кутии;
          - назидни инсталации;
          - систем со откривање на грешки;
     2. електромоторни погони (трофазни и монофазни асинхрони мотори),
управувани со контакторски кола и сигнализација.
     3. систем со куфери вежби од електроника.

Исто така во употреба е во употреба е новиот кабинет за сметачка техника и автоматика, опремен со дваесет компјутери Pentium 4, донација од кинеската влада.

Машинскиот смер располага со работилница опремена со машини, алати и помагала за изведување на практична настава од профилите: металостругар, металоглодач, алатничар, бравар и сл.

ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " во текот на своето работење одржува контакти и соработува скоро со сите претпријатија во општината Охрид. Од електротехничката струка особено се издвојува соработката со АД " EMO " - ОХРИД како и некои приватни фирми, каде се одвива и дел од практичната настава.

Исто така во ЕМУЦ " Св.Наум Охридски " со V-степен на образование се здобиваат вработени лица од други фирми со кои училиштето соработува.

Од машинската струка дел од практичната настава се изведува во претпријатијата АД "Алатница", АД "АГП" и др., а механичарите практичната настава ја изведуваат во приватните автосервиси во Охрид.

Електротехничка струка
     »» Образовни профили за четиригодишно образование
          • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
          • Електротехничар за електроника и телекомуникации
          • Електротехничар-енергетичар
     »» Образовни профили за тригодишно образование
          • Електромеханичар
Машинска струка
     »» Образовни профили за четиригодишно образование
          • Машинско-енергетски техничар
          • Машински техничар за НУМА (стара програма)
          • Машински техничар за механизациски машини и возила (стара програма)
          • Машински техничар
     »» Образовни профили за тригодишно образование
          • Автомеханичар
          • Заварувачи

ОСО "Св.Климент Охридски" - Охрид
ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски" - Охрид
ОУТУ "Ванчо Питошески" - Охрид
СОСУ "Св.Кирил и Методиј" - Охрид

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©