Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Образование и наука :: ОУ "Григор Прличев"
ОУ "Братство Единство" - Охрид
ОУ "Григор Прличев"
Адреса: "Димитар Влахов" бр. 65, 6000 Охрид
Tел: 046/265-062
E-mail: grigorprlicev@yahoo.com

ОУ " Григор Прличев" Охрид е лоцирано во централното градско подрачје. Во него се вклучени вкупно 1305 ученици од кои 117 се во нас. Рача и 90 ученици во подготвителната година. Воспитно-образовниот процес го реализираат 70 наставници од кои 38 со високо, 30 со виша, 1 доктор по психолошки науки и 1 со ССС.

Според педагошките, кадровските, просторните, организациските стандарди и услови училиштето спаѓа во редот на најразвиените училишта во образовната мрежа во регионот и пошироко. Во секој случај оваа констатација е признание и обврска за подигнување на претходните стандарди на уште повисоко ниво. Согледувајќи го функционирањето на ОУ "Григор Прличев" - Охрид низ една временска дистанца може да се каже дека тоа со успех и на завидно квалитативно ниво ги остварува поставените воспитно-образовни цели. За тоа зборуваат и долгогодишните врвни постигања на учениците и наставниците во различни научни дисциплини и области. Репрезентативноста на постигнатите резултати на училиштето во одделни сегменти ги надминува општинските и националните рамки.

Училиштето го прославува својот патронен празник на 6 февруари. ОУ Григор Прличев - Охрид е збратимено со ОУ "Иво Андириќ" од Белград, Србија и Црна Гора и ОУ Св. "Климент Охридски" од Битола. Од минаната учебна година училиштето воспостави стручно-педагошка соработка со ОУ "Брежице" од Брежице Р. Словенија.

За одбележување се следните - ПОСТИГНУВАЊА, НАСТАНИ, ПРОМЕНИ И ТЕНДЕНЦИИ НА УЧИЛИШТЕТО:
• Добивање "Св. Климентова награда" за образование на град Охрид
• Постигнување солиден општ успех
• Резултатите на наставниците и учениците на училишните натпревари
• Стручното усовршување на наставниот и другиот стручен кадар
• Изработка на амблем на училиштето
• Активно вклучување на родителите во животот и работата на училиштето
• Формирањето и активностите на здружението на родители "ФИНАЛЕ"
• Изградување на спортските терени
• Започнување со доизградување на училишната спортска сала
• Одржување креативно-содржинско-наставна манифестација под мото "Сите за доизградба на училишната спортска сала"
• Опремување на училницата по информатика со нова компјутерска технологија
• Промоција на училишното мото "Да се биде вработен или ученик во училиштето е чест и обврска"
• Влегување во проектор за модернизација на училиштето
• Набавка на нов училишен инвентар

Директор:
Мојсоска Силвија
   
 

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©