Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Култура :: Државни институции :: Национална установа - Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј
Национална установа - Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј
Национална установа - Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј
 
Народниот музеј формиран во 1950 година започна со работа во 1951 година. Тој ги продолжува музејските традиции на Архиепископскиот музеј во припратата на црквата Св. Богородица Перивлепта отворен во 1516 година кој се смета за еден од најстарите музеи во светот, отворен повеќе од два века пред Британскиот музеј во Лондон (1759) и парискиот Лувр (1793).

Заводот за заштита на спомениците на културата започнал со работа во 1961 година, а од 01.03.1973 година овие две институции се интегрирани и работат на полето на заштита на културното наследство и музејската дејност штитејќи го огромното движно и недвижно културно богаство на овој дел на Македонија. Оваа институција се состои од неколку оддели: археологија, историја, етнологија, Словенска архитектура, историја на уметност и современа уметност. Исто така има и сопствена библиотека како и лабораторија за подготовка на фотографии.

Еден од најзначајните сегменти на институцијата е Галеријата на икони и депото во кое им се дава заштита на голем број икони кои датираат од перидот помеѓу 12 и 14 век, од кои најрепрезентативните се презентирани во сталната поставка на Галеријата на икони. Тековните активности на Завод и Музеј-Охрид вклучуваат реконструкција и реставрација на Самуиловата тврдина, на Античкиот театар, црквата Св. Богородица Перивлепта и Св.Климентовата црква на Св.Пантелејмон на Плаошник, како и претходно целосна реконструкција на куќата на Робевци.

Денес куќата содржи археолошка изложба, предмети од домаќинството на Робевци, уметнички дела изработени од страна на Охридската резбарска школа како и археолошки ископини од Охрид и неговата околија. Музејски поставки: - Куќата на Робевци- постојана археолошка и етнолошка поставка; - Галеријата на икони - постојана галерија на средновековни икони; - Куќата на Христо Узунов - постојана историска поставка од предилинденски и илинденски период; - Куќата на поетот Григор Прличев- музејски културен центар; - Лапидариумот на куќата на Робевци- продажба на сувенири и туристички пропаганден материјал; Локалитети: - Самуилова тврдина - Антички театар - Ранохристијанска базилика "Плаошник" - Праисториска наколна населба "Плоча-Миќов Град" кај Градиште

Контакт телефони: 046/231-300, 046/231-301,
факс: 046/231-302, 046/262-498
централа, 046/267-173
музејска зграда Робевци, 046/251-935
Галерија на икони, 046/262-386
Самуилова тврдина,
e-mail: zimohrid@yahoo.com
ул: "Боро Шаин" 10, П.Фах 95,
6000 Охрид
буџетска ж.с-ка: 180100907560319
сопствена ж.с-ка: 18010090

Директор: Тања Бунташеска тел. 046/231-301
Национална установа - Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј
Архиви на Македонија - подружница Охрид
Национална установа - Библиотека "Григор Прличев"
Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

Настани

Јан 27 Свети Сава празник на српската заедница

Фев 6 - Годишнина од смртта на Григор Прличев - Културна манифестација: „Прличеви Беседи“ - Патронен празник ОУ „Григор прличев“

Фев 9 Годишнина од смртта на Кирил Прличев

Календар на настани

Актуелни информации

Охридска Академија на Хуманизмот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ


  • ОТЧЕТ 2018

    Информации од урбанистичката сфера

    Информации за даночни обврзници

    Корисни линкови

    Фотографија на неделата


    Панорама на Охрид 360

     

    Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©