Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Култура :: Манифестации :: Фестивал "Охридско лето"
Туризам
Фестивал "Охридско лето"
Адреса: "Партизанска" бр.4, п.фах 23
                6000 Охрид, РМ
Тел.:   046 261 304
Факс: 046 262 304
E-mail: contact@ohridskoleto.com.mk
Веб: www.ohridskoleto.com.mk

Хроничарите забележале: под сводовите на катедралниот храм Света Софија, на 4 август 1961 година, се случил чинот на раѓањето на музичко сценската манифестација "Охридско лето". Првенката на Операта при Македонскиот народен театар од Скопје - Ана Липша-Тофовиќ, во пијано придружба на Ладислав Перлдик, ги извела ариите на Страдела, Роси, Хендл, Моцарт, Бетовен и Глук.
 
Следната година потврда дека храмот на древната Охридскa архиепископија може да биде и храм на уметноста дале Владимир Ружѓак (Хрватска), Словенечкиот октет (Словенија), Мартина Аројо (САД) и повторно Ана Липша-Тофовиќ.

Во 1963 година Фестивалот стартува со одредена концепција, но за жал заради катастрофалниот земјотрес во Скопје, од планираните 13 приредби одржани се само неколку. Клучниот момент во изградувањето на Фестивалот е формирањето посебна дирекција што е направено на 5 март 1964 година. Во годините што следат манифестацијата добива во квалитет: 1964 година е изведено првото драмско дело ("Како што милувате" од Вилијам Шекспир; 1967 година се одржува првата балетска претстава ("Охридска легенда" од Стеван Христиќ); 1971 година првата опера ("Дидона и Енеј" од Хенри Персл).

Во годините на подем "Охридско лето" започнува да дејствува и како музичка академија. Присуството на големите мајстори на инструментот е искористено за организирање стручни семинари со цел искуството да се пренесе врз младата генерација. Низ рацете на потврдените мајстори Елефтерио Папаставро (виолончело), Жан Бланкард (пијано), Леонид Коган (виолина), Алдо Чиколини (пијано), Андре Навара (виолончело), Октав Енигареско и Џони Беки (соло пејачи), Евгенија Чугаева (виолина), Икуко Ендо (пијано) и Арбо Валдма (пијано) минаа генерации музичари кои подоцна се потврдуваа и на светските музички сцени.

Фестивалот претендираше да биде дел од големото семејство на светските музички манифестации. Од тој аспект креаторите на Фестивалот секоја година во програмата внесуваа имиња што во светот и даваа белег на изведувачката уметност. Во првите фестивалски години тоа беа Андре Навара (виолончело) и Леонид Коган (виолина). Во плејадата уметници што ја одбележаа првата деценија влегуваат: Свјатослав Рихтер, Алдо Чиколини, Андре Ватс и Григориј Соколов ( пијано), Руџеро Ричи, Салваторе Акардо, Хенрик Шеринг (виолина), виолончелистот Мстислав Ростропович, Баховиот камерен оркестар, Романските мадригалисти, Словенечкиот вокален октет и други.
Во годините на зрелост (1974 година) Фестивалот конечно ја определува и рамката на одржувањето. Тоа е периодот од 12 јули до 20 август.

Во аналите е забележано дека на Фестивалот се изведени и капитални музички дела од македонските автори како што се "Златоустовата литургија" од Атанас Бадев, ораториумите "Сердарот" и "Клименту" од Властимир Николоски, операта "Цар Самуил" од Кирил Македонски, ораториумот "Илинден" од Михајло Николовски, ораториумот "Охрид" од Димитри Бужароски, балетот "Македонска повест" од Глигор Смокварски и други.
Музичко-сценската манифестација донесе и низа имиња кои се искачуваа на врвот на музичката уметност како што се пијанистите: Рудолф Керер, Марија Типо, Никита Магалов, Дан Таи Сон, Евгениј Корољов, Иво Погорелиќ, виолинистите Виктор Третјаков, Павел Коган, Гидон Кремер, Вацлав Худачек, Едуард Грач, виолончелистите Пјер Фурние, Даниел Шафран, Хајнир Шиф, Пол Тортеље, Минхенскиот камерен оркестар, Прашките мадригалисти, Квартетот "Бородин", ансамблот "Виртуози ди Рома" ...

Последниве години неизбришливи траги во историјата на оваа манифестација оставија Литванскиот камерен оркестар, солистите од Санкт Петербург, оркестарот "Музика вива",
Квартетот "Вихан", триото "Цирих", "Знамени распев", Јоланда Хернандез, Паулос Раптис...
Фестивалот, покрај музичката, ја негува и драмската програма. Околу 300 драмски претстави, адаптации и монодрами се одиграни на над 15 сценски простори во Охрид од страна на околу 50 ансамбли. Шекспир е најиграниот автор на "Охридско лето" (18 различни наслови од неговите капитални дела), потоа следуваат домашните (македонски) автори Горан Стефаноски (со 8 различни наслови), Јордан Плевнеш... Најзначајните антички дела од Софолке, Еврипид, Аристофан, Платон, како и недостижните комедиографи Молиер и Голдони, па сè до современите татковци на театарот Брехт и Бекет, како и многу други дела од неизбежните имиња на театарската уметност оставиле свој белег врз фестивалот.
Од 1995 година "Охридско лето" е член на Европскиот сојуз на Фестивали (Association Europienne Des Festivals).

По 37-то издание на "Охридско лето" треба да се спомене дека Охрид со оваа манифестација стана место за почит на високите уметнички квалитети и место на универзални пораки на уметноста. Тоа во изминатите три и пол децении го потврдиле со своето учество изведувачите од над 50 земји од светот, кои извеле над 1.200 музички и драмски изведби, проследени од над 1.000.000 гледачи.
Фестивал "Охридско лето"
Балкански фестивал на народни песни и игри
“Поетска ноќ во Велестово"
"Охридски хорски фестивал"
МФФ "Денови на Охрид"
МДФФ "Македонско оро"
"Разиграно оро"
МФФ "Македонско сонце"
МФФ "Александар Македонски"
МДФФ"Св. Климент Охридски”

Настани

Јан 27 Свети Сава празник на српската заедница

Фев 6 - Годишнина од смртта на Григор Прличев - Културна манифестација: „Прличеви Беседи“ - Патронен празник ОУ „Григор прличев“

Фев 9 Годишнина од смртта на Кирил Прличев

Календар на настани

Актуелни информации

Охридска Академија на Хуманизмот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОБИВАЊЕ СУБВЕНЦИИ НА УПЛАТЕНАТА ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ


  • ОТЧЕТ 2018

    Информации од урбанистичката сфера

    Информации за даночни обврзници

    Корисни линкови

    Фотографија на неделата


    Панорама на Охрид 360

     

    Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©