Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Здравство и социјала :: Здравствени установи :: Општа болница - Охрид
Медицински Центар Охрид
Општа болница - Охрид
Адреса: "Сирма Војвода" 1
Тел: 267-267


Носител на секундарната здравствена заштита е ЈЗО општа болница - Охрид.
     Оваа здравствена институција обезбедува и извршува комплетна здравствена заштита на населението од општината - Охрид, општината Дебарца, како и на граѓани што престојуваат во Охрид или на крајбрежјето на Охридското Езеро за време на туристичката сезона.      Општата болница извршува услуги од специјалистичко-консултативната и болничката здравствена заштита.
    Во специјалистичко-консултативната дејност се врши: испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба на корисниците, спроведува специјализирани, дијагностички, терапевтски и рехабилитациски и постапки и дава специјалистички мислења и предлози, систематски прегледи, прегледи за возачи и други работи.
     Во болничката здравствена заштита се врши дијагностицирање, лекување, исхрана и постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаи, вршење секундарен транспорт на пациенти, обезбедување конзилијарно-медицинска помош, учествува во спроведувањето на посебни програми за спречување и рано откривање на заболувањата и повредите, предлага и дава упатства за домашно лекување, обезбедување здравствено воспитување на лицата на кои им се обезбедува здравствена заштита, обезбедува стручна помош на другите здравствени установи и обезбедува стручно усовршување на здравствените работници.
    За остварување на претходните цели, работата во ЈЗО "Општа болница" се организира во организациски единици кои претставуваат организациско- техничка целина во процесот на работата, и тоа:
   А) Болнички одделенија:
            1. Педијатрија;
            2. Хируршки заболувања;
            3. Урологија;
            4. Анестезија, интензивна терапија и реанимација;
            5. Здравствена заштита на жената со неонатологија;
            6. Уво, нос и грло;
            7. Внатрешни заболувања;
            8. Невропсихијатриски заболувања;
            9. Инфективни заболувања;
            10. Депо на лекови со Инфузивно одделение и галенска лабораторија.
   Б) Специјалистичко-консултативни дејности:
            1. Очни заболувања;
            2. Радиологија;
            3. Физијатрија;
            4. Медицинска биохемија;
            5. Трансфузиологија;
            6. Кожно венерични заболувања;
            7. Патоанатомија;
            8. Антитуберколозен диспанзер (АТД).
            В. Административно - техничка стручна служба:
            1. Општа правна служба;
            2. Економско - финансиска служба;
            3. Техничка служба.
Во ЈЗО "Општа болница" по потреба се организираат помали организациски делови и тоа: одделенија, служби, отсеци, оддели, диспанзери, кабинети и др.
ЈЗУ "Здравствен Дом" - Охрид
Општа болница - Охрид
JЗО "Св. Еразмо" - Специјална болница за ортопедија и трауматологија
ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан"

Настани

Мар 22 Светски ден за заштита на водите

Мар 25 Годишнина од смртта на Методи Патче

Мар 31 Годишнина од смртта на Борис Чипан

Календар на настани

Актуелни информации

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА (ЛЕАП) ЗА ПЕРИОД 2019 - 2025


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©