Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА НОВА ТРИБИНА НА СРЦ „ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
Untitled Document

Во седиштето на  Фудбалската федерација на Македонија, денеска на средбата на в.д председателот на федерацијата Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општинте Охрид Јован Стојаноски и на Чаир Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во  Охрид и Чаир.

Во соработка со ФФМ и  УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира  постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.

Прочитано:  400  пати
Објавено на: 04.12.18

Настани

Фев 27 Годишнина од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков

Мар 7 Ден на албанската просвета

Мар 8 Меѓународен ден на жената

Календар на настани

Актуелни информации


ПРОГРАМА: „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“


ОТЧЕТ 2018

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©