Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС бр.07/2017 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа на член 34 од Статутот на Општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07), член 50 од Законот за Локална Самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр. 05/02“, член 80 од Законот за градење („Сл. весник на РМ“ бр.70/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16 и 132/16), Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за 2017 година бр.08-17974/28 од 01.12.2016 и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за 2017 година бр.08-5611/13 од 27.04.2017 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.07/2017
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА
ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

1.Општина Охрид издава локации за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
2. Локациите за поставување на урбаната опрема се со следната намена:
2.1 Продажба на кондиторски производи (чоколади, торти и други слатки производи) на улица „Климент Охридски“ од потегот Бистро „Корнер“ до „Нама“  6 (шест) локации  или 1,2,3,4,5, и 6                   и
2.2 Продажба и презентација на вино и сирење на Градски Плоштад „Св.Климент Охридски“ 4 (четири)  1, 2, 3 и 4 локации.
Продажбата ќе се врши на унифицирана урбана опрема-тезга.
Урбаната опрема – тезгите ќе ги постави општина Охрид.
Не е дозволено вршење на  друга дејност освен дејноста за која се издава урбаната опрема-тезгите.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 30 (триесет) денови од 20.12.2017 год. до 20.01.2018 год.
Почетна  цена за издавање на локација е:

  1. локација за продажба на кондиторски производи со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари;
  2. локација за продажба и презентација на вино и сирење со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари;

Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и користење на унифицираната тезга.
Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.
Со оглед да годишната програма за поставување на урбана опрема по која е објавен овој оглас е со важност до 31.12.2017 година, општина Охрид превзема обврска локациите наведени во овој оглас да ги предвиди и во годишната програма за поставување на урбана опрема за 2018 година.
Договорите со најповолните понудувачи  ќе се склучуваат за период од 30 (триесет) денови.
Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

3.Доставување на понуди
Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
Понудувачот треба да достави:

  1. Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или да се спушти од веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
  2. Уплатница на име депозит за учество на износ од 2.000.оо (двеилјади) денари.
  3. Изјава дека урбаната опрема – тезгите ќе се користат за намената за која се издаваат;
  4. Согласност урбаната опрема – тезгата да биде веднаш отстранета доколку корисникот не се придржува кон договорот.

Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка:  1000000063095
Уплатна сметка:  84015206553
Приходна шифра:  723914 Програма 00
                       

  1. Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
  2. Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Понудите по точките 2.1, 2.2 да бидат со важност од 30 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

4.Начин на доставување на понуда
Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
НЕ ОТВОРАЈ“  
Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за
издавање на времено користење на локации за поставување
на урбана опрема бр. 07/2017 
Дел: ______________ ,Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример Дел 2.1 продажба на кондиторски производи, Локација бр. 4)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред ___________.2017 год.
13.00 часот.
Оглас бр.07/2017

Општина Охрид 
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр. 07/2017
Дел: _______, Локација бр.__________
 (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.

5.Начин на отворање
Понудите да се достават најдоцна до   11.12.2017 во 13.00 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.
За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид..
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација на е-аукцијата под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.

6.Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавно наддавање едномесечната конечна цена;

7.Склучување на договор
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Пред склучувањето на договорот понудувачот е должен во целост да ѓи измири сите трошоци кои произлегуваат од договорот вклучувајќи ја и комуналната такса.
Местоположбата на локациите може да се разгледа на графичките прилози објавени web страна на општина Охрид www.ohrid.gov.mk , огласна табла на општина Охрид  или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

Прочитано:  290  пати
Објавено на: 30.11.17

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©