Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЦЕНТРАЛНА СВЕЧЕНОСТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 7. НОЕМВРИ- ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
Untitled Document

Централната свеченост по повод одбележувањето на 7. Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, се одржа во големата сала на општина Охрид. На свеченоста се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ за општините Охрид и Дебрца Гоце Георгиески, а следеше богата културно- уметничка програма.

-Денеска,со пиетет го чествуваме овој голем ден и им оддаваме должна почит на сите  храбри борци  кои учествуваа во ослободувањето на  Охрид, а особено  на оние кои ги дадоа своите животи за слободата. Ние, како генерација сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да ја развиваме сопствената држава. Херојските подвизи на борците против фашизмот, нека ни бидат завет дека никогаш нема да ги заборавиме и дека нам и на идните поколенија ќе ни бидат инспирација за надминување на препреките во чекорењето по патот за попросперитетен Охрид.

По ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор, еден од најсветлите историски датуми  од поновата историја  на нашиот древен град, забрзано почна да се одвива нов развоен период.Охрид стана современ економски,културен и туристички центар.Беше еден од градовите со највисока стапка на вработеност, но и туристичка дестинација во која постојано растеше бројот, особено на странските гости. Со ставањето на охридското културно и природно наследство под заштита на УНЕСКО, се отвори и нов процес за промоција на нашите реткости во светот.Сето тоа ја наметна потребата за креирање на одржлив економски развој, определба, која за жал, не секогаш, беше почитувана.
Ве уверувам дека ние, новата Локалната самоуправа како одговорна власт, макотрпно и посветено ќе  работиме, врз темелите на досега направеното, постојано да надградуваме нови дела кои ќе  остават белег во современиот развој на Охрид. Ќе работиме на подобрување на условите за живеење на граѓаните, ќе инвестираме во инфраструктурата,во образованието, културата, економскиот развој и другите области, а посебно на промоцијата на Охрид, како атрактивна туристичка дестинација.

Верувам дека чествувањето на денешниов ден, ќе ни биде инспирација за реализирање на ветеното за подобра иднина на Охрид. Овој ден ќе остане вечен паметник за сите идни генариции, за да се слават сите оние кои во херојската антифашистичка епопеја, го остварија идеалот на многу генераци охриѓани да живеат во слобода и да градат подобра иднина.

Дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам празникот -Денот на ослободувањето на Охрид и да посакам да ни биде вековит- рече градоначалникот Јован Стојаноски.

Претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ од општините Охрид и Дебрца Гоце Георгиески рече дека на олтарот на слободата на нашиот град, останаа  на вечна стража четириесетина храбри борци, а шеесетина беа ранети. Кон нив, како што рече Георгиески, треба да се однесуваме со почит и респект.

-Сега кога имаме слободен Охрид и самостојна македонска држава, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува тогаш кога треба да се даде животот за својата татковина, но храброста се покажува и тогаш кога треба да се покажува и тогаш кога треба  да се преземе одговорноста и да се работи во полза на нејзината иднина.
Минатото го паметиме, историјата ја почитуваме, иднината ја градиме. Само решително и сложно, единствени, сплотени и обединети, со добри намери и јасна заедничка цел, лесно ќе успееме да го најдеме патот до неа. Патот до модерна, перспективна и европска Македонија, патот за Охрид, како подобро место за живеење за сите граѓани-
рече Георгиески.

Свеченоста започна со интонирање на химната на Република Македонија во изведба на Ивана Коскоска, а следеше документарен видео запис за ослободувањето на Охрид од режисерот Илија Пиперкоски.Во културно-уметничката програма настапија  учениците од охридската гимназија Ана Филипче, Сретен Стрезоски и Мартин Пулески со поетскиот рецитал „Очи“, музичката група „Сарај“ , студентот по хармоника Петар Кочоски и  флејтистката Ана Матеска од Основното музичко училиште „Методи Патче“ во придружба на професорката Ирена Веруш.

Пред почетокот на централната свеченост, градоначалникот Јован Стојаноски при делегација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ од општините Охрид и Дебрца.

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 07.11.17

Настани

Сеп 21 Меѓународен ден на мирот

Сеп 22 Меѓународен ден без автомобили

Сеп 28 Меѓународен ден на Бошњаците

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©