Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС БР.02/2017 ЗА ДОБИВАЊЕ ЛОКАЦИЈА СО ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА (ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА-ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО, ПОКРИЕНИ И НЕПОКРИЕНИ ШАНКОВИ) НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид ("Сл.гласник на ОпштинаОхрид" бр. 14/2015), како и врз основа на член 4 од Одлуката за поставување урбана опрема (детски игралишта– забава на отворено, покриени и непокриени шанкови) и времени објекти на подрачјето на општина Охрид број 08-16043/43 од 04.11.2016 година („Сл. гласник на општина Охрид“ бр. 21/2016), а во согласност со Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид бр. 08-17635/30 од 25.12.2015 година и Одлуката за измени и дополнување на одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид бр. 08-10300/7 од 11.07.2016 година, донесени од СоветотнаОпштинаОхрид, Градоначалникот на општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2017
за добивање
локација со право за поставување на урбана опрема (детски игралишта-забава на отворено, покриени и непокриени шанкови) на подрачјето на општина Охрид

1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Предмет на овој оглас е добивање локација за поставување на урбана опрема (детски игралишта-забава на отворено, покриени и непокриени шанкови) на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање.
Бројот, видот, големината, како и локациите на кои може да се постави урбаната опрема (детски игралишта-забава на отворено, покриени и непокриени шанкови) се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид ("Сл.гласник на ОпштинаОхрид" бр. 14/2015 ).
Предметот на јавниот оглас-локациите се делливи и секоја локација за предметната урбана опрема претставува посебен дел, за кој се издава одобрение за поставување и се склучува договор.
Електронското јавно наддавање ќе се врши поединечно за секоја локација за предметната урбана опрема.

2. ОПШТ ОПИС НА ПРЕДМЕТНАТА УРБАНАТА ОПРЕМА, ПОВРШИНА И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:
Локациите за поставување на урбана опрема (детски игралишта-забава на отворено, покриени и непокриени шанкови), бројот и површината на предметната урбана опрема се дефинирани како што следи:

Локацијата за поставување на урбана опрема за забава на отворено утврдени со реден број: 1 се наоѓа на Ул.‘’1-ви Мај’’, со површина од 64 м2;

Локацијата за поставување на урбана опрема-покриен шанк се наоѓа на Ул. ‘’Кеј Македонија’’, наспроти хотел Палас, со површина од 18 м2.

Деталната местоположба на локациите на која ќе биде поставена предметната урбана опрема опишана во точка 2 од оваа објава, може да се види од графичките прилози во Изводите од програма, кои можат да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид.

3. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС:
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниотоглас. 
Јавниот оглас трае од денот на објавувањето па се до 20.02.2017 година до 13:00 часот.
Право на учество на јавно наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до денот и часот на јавното отворање на понудите ќе положат и ќе достават потврда за уплатен гарантен депозит до Комисијата, како и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање. 
Депозитот изнесува 20% од почетната цена по метар квадратен, утврдена за локациите за предметната урбана опрема, за кои понудувачот доставил понуда, пресметана по површина на годишно ниво и треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:

Трезорска сметка: 100000000063095;
Сметка на буџетски корисник: 7520140614 630 10;
Приходна шифра: 723914 Програма 00.

За уплатениот депозит, се доставува потврда за уплатата, која треба да се приложи со докуметите за идентификација најкасно на денот и часот на јавното отворање на понудите.
Секој понудувач може да учествува на јавниот оглас со давање понуда за една или за повеќе локации кои се предмет на јавниот оглас.
Јавниот оглас се смета за успешен и во случај да се избере најповолен понудувач за дел од локациите.

4. РОК И ПОЧЕТНА ЦЕНА ЗА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Правото за поставување на урбана опрема опишана во точка 2 од оваа објава се определува за период од 5 (пет) години.
Општина Охрид го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на предметната урбана опрема, заради потребите на општина Охрид, а отстранувањето на истата ќе биде на товар на лицата кои го добиле правото за нејзино поставување.
Доколку во текот на постапката, која трае до потпишувањето на договорот, се случат непредвидени околности кои го прават невозможно понатамошното водење на постапката, општина Охрид го задржува правото да ја запре постапката, односно да не го потпишува договорот, за што не сноси никаква одговорност.
Понудената цена за добивање право за поставување на предметната урбана опрема од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари.
Почетната цена за електронското јавно наддавање, поединечно за поставување на урбаната опрема во локациите опишани во точка 2 на оваа објава ќе изнесува:

За локација со ред. број 1 (за поставување детско игралиште-забава на отворено), почетната цена изнесува 250,оо денари по м2 месечно;

За Локацијаза поставување покриен шанк, почетната цена изнесува 1.500,оо денари по м2 месечно.

Минималниот износ со кој може да се лицитира од моментот на највисоката понуда изнесува 1,оо денар, а максималниот износ со кој може да се лицитира изнесува 5,оо денари.

5. ВРЕМЕ И МЕСТО НА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:
Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се изврши на ден 20.02.2017 година со почеток во 13:00 часот, во просториите на Голема сала при општина Охрид.

6. ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
Предмет на електронското јавно наддавање ќе биде цената по метар квадратен, нa месечно ниво, утврдена во точка 4 од овој оглас.
На јавното електронско наддавање може да учествуваат само понудувачите кои имаат доставено уредна документација за јавниот оглас и имаат уплатено гарантен депозит.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 15 (петнаесет) дена од јавното отворање на понудите.
За јавното електронско наддавање, во рокод 5 дена пред неговото одржување, учесниците што ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање, ќе бидат известени по електронска пошта и телефонски од страна на Комисијата за спроведување на постапката.

7. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И НАЧИН НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
Времетраењето и начинот на јавното електронско наддавање ќе биде определено со Правилник кој благовремено ќе им биде доставен на понудувачите.

8. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА/ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА која  треба да се приложи:

Потврда од надлежен орган, дека правното лице не е под стечај,во оригиналили заверена копија кај нотар и не постараод 6 месеца, односно потврда издадена од надлежен орган, дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, за физичките лица;

Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, оригинал или копија заверена кај нотар и не постараод 6 месеци;

Доказ за уплатениот износ-депозит за учество на огласот.

9. ОБВРСКИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ:
Најповолниот понудувач во рок од 30 (триесет) дена од склучувањето на Договорот, има обврска да достави идеен проект  согласно Изводот од програмата за урбана опрема за секоја конкретна локација.
Најповолниот понудувач е должен да обезбеди одобрение за поставување на предметната урбана опрема, во рок од 45 (четириесет и пет) дена, од денот на склучувањето на договорот, а во спротивно непостапувањето по оваа обврска ќе биде услов за раскинување на договорот, враќање на платената закупнина и губење на гарантниот депозит.
Плаќањето на годишната закупнина за издадените локации ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна на општина Охрид.
Плаќањето на закупнината за првата година, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 10 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15-ти февруари за деловната година.

10.ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
По завршувањето на постапката Комисијата доставува предлог до Градоначалникот на ОпштинаОхрид,за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на договор.
Градоначалникот на Општина Охрид и најповолниот понудувач, склучуваат договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.
Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.
Комисијата по завршување на јавното наддавање, ќе го врати положениот депозит на оние учесници во наддавањето чии понуди не се прифатени и тоа
во рок од 15 дена од денот на јавното електронско наддавање. Депозитот уплатен од страна на најповолните понудувачи со кои е склучен договор ќе им биде пресметан во закупнината.
Договорот со најповолниот понудувач се потпишува во рок од 15 дена по правосилноста на решението за избор на најповолен понудувач.

11.НАЧИН НА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА:
Документацијата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот.
Документацијата се доставува лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следнава адреса: ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57; 6000 Охрид ( Доколку понудата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите 20.02.2017 година, 13:00 часот.
Пример за адресирање на плик за достава:

‘’НЕ ОТВОРАЈ’’
„Да не се отвора пред 20.02.2017 година, пред 13:00 часот’’
Оглас бр.02/2017

Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за доделување на правото за поставување на урбана опрема
Ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57
6000 Охрид

Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата. 
Рок
на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 20.02.2017 година до 13:00 часот.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.
На денот на отворањето на понудите треба да презентираат документи за идентитет и тоа:

полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице;

лична карта за физичкилица;

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел:  046/262-492; локал: 138.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  611  пати
Објавено на: 23.01.17

Настани

Ное 22 Ден на албанската азбука

Ное 29 Меѓународен ден на децата

Дек 3 Светски ден на лицата со хендикеп

Календар на настани

Актуелни информации

КОНКУРСИ ЗА НАГРАДА И ПОВЕЛБA - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©