Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ВРАЧЕНА НА ГОДИНЕШНИОТ ЛАУРЕАТ ЈИРЖИ СВОБОДА
Untitled Document

Во Куќата на Уранија, вечерва, на посебна свеченост, на чешкиот филмски великан Јиржи Свобода, му беше врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата , во присуство на амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш , претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и голем број гости од збратимените градови,  му ја врачи градоначалникот Никола Бакрачески.

-Исклучителниот животен и творечки опус на годинашниот добитник на Светската награда за хуманизам, Јиржи Свобода, не собра вечерва овде во Куќата на Уранија и на МАНУ, да му оддадеме достојна почит на неговото дело, кое се вредува во врвот, не само  на чешката туку  и светската кинематографија.

Доделувањето на ова високо признаие има посебна димензија, зошто се случува во предвечерието на големиот празник „Богојавление -Водици“ и еден месец по чествувањето на 1.100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, великиот сесловенски учител, простветител, мисионер, духовник, прв епископ меѓу јужните Словени и основоположник на прочуената Охридска книжевна школа.

Исклучителниот животен и творечки опус на Јиржи Свобода,чија уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманитарна мисла.Јиржи Свобода, заедно со добитниците на престижната награда на Охридската академија на хуманизмот од минатите години, од вечерва е дел од богатата духовна меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители Св. Климент и Св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура и заштитници на Европа.

Словото е  дар за создавање и разговор со книги, дар за скриените тајни во формите на зборовите.Токму таа мисла на Светиот Климент изговорена пред повеќе од 11 века ја сублимира суштината на модерната идеја за рамноправност меѓу народите, за рамноправност на јазиците, за природните човекови права и слободи, како еден од столбовите на вредносниот систем на европскиот хуманизам, врв кој опстојува модерна Европа и на современата светска цивилизација во целина.

Почитуван господине Јиржи Свобода. Дозволете , како годинашен добитник на Светската награда за хуманизам, да Ви го честитам високото признание и да Ви ја врачам оваа резбана статуа на Свети Климент Охридски, која уврен сум дека ќе Ви биде вечна инспирација за освојување на  нови творечки височини, рече при врачувањето на наградата  градоначалникот Никола Бакрачески.

Амбасадорот на Република Чешка ,Мирослав Рамеш, поздравувајќи го овој голем настан, рече дека доделувањето на ова признание е потврда на одличните односи меѓу Македонија и Чешка.

,, Имаме многу заеднички историски континуирани врски, особено во културата и затоа, со посебен пиетет, ги чествуваме заштитниците на Европа -Светите Кирил и Методиј и нивните следбеници Светите Климент и Наум Охридски.Нивното дело не врзувало во минатото, а е темел за успешна соработка во иднината”- рече амбасадорот Рамеш.

-Од моментот кога дипломирав на прашката филмска академија и добив прилика да снимам прв игран филм, се трудев да ги искажам од свој агол на гледање кон добро и кон зло, кое мирува во корените на човекот, кое од време  на  време  ќе заборави  на  ипресивната човечка големина, опишана во делата на Платон и Аристотел, во тимпаните на хеленските храмови, создадени од Фидија, и повторно од него станува некултурно животно, безмилосно кон  страдањата на блиските.
За големото добро, храброст и верност во себе, вредности наспроти кои стои желба за моќ, недоверба во било што, кои имаат вистински, морален и духовен размер, е и мојот филм за големиот чешки мислител, Јан Хус, кој минатата година го претставив во првата година на фестивалот во Скопје.
Би сакал да верувам, дека луѓето верни на своето убедување, луѓето кои продолжуваат со делото, надоврзувајќи  се на врската со хеланската култура, ренесанса и просветление и припаѓаат на иднината. Но, тоа е премногу оптимистичка верба.
Уште еднаш ви благодарам за честа, која дава смисла на пораката на хуманизмот и јас ја гледам како обврска кон иднината-
рече лауреатот Јиржи Свобода.

Претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш, во беседата за лауреатот Свобода, рече дека заедно со другите добитници, ќе биде сведок за вечното сонце кое зрачи од Св. Климентовата крепост на Плаошник, од овде до вечноста, од вечноста до вербата во бескрајот на никогаш непобедениот хуманизам.

-Вечерва во Охрид во мигот  кога ве прогласуваме за единаесетти добитник на Светската награда за хуманизам  за 2017 година. Дојдена е со Вас и целата чешка духовна историја.Во тајните одори на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа и сите нивни ученици меѓу Моравија, преку Панонија и Охрид, Ви го честитаат тој чин. За сета Ваша животна и творечка одисеја, за сите Ваши историски, политички и духовни искушенија во кои ја создававте Вашата  креативна биографија, низ сите мракобесни премрежија на дваесетиот век кои продолжуваат и во првите децении на третиот милениум, по обидот на Исуса Христа, Спасителот на светот, да го спаси во основа неспасливиот свет, овде во овој свет град, словенскиот Ерусалим, Ви пожелуваат вечно живите светци на Македонија Св. Климент и Св.Наум. Тие ја држат во нивните блажени раце Охридската школа на хуманизмот- рече Јордан Плевнеш.

На свеченоста, на проф. д-р Никола Бошале, му беше доделена повелба за почесен член на Охридската академија на хуманизмот, а ликовниот уметник Славко Упевче примајќи ја повелбата во негово име на академијата и ја подари оргиналната насловна страница од книгата на Бошале, посветена на Св. Климентовата школа на хуманизмот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  391  пати
Објавено на: 18.01.17

Настани

Ное 29 Меѓународен ден на децата

Дек 3 Светски ден на лицата со хендикеп

Дек 8 Св. Климент Охридски - Патрон на градот

Календар на настани

Актуелни информации

КОНКУРСИ ЗА НАГРАДА И ПОВЕЛБA - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©