Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПЕРСКАТА ДИВА ЕЛИНА ГАРАНЧА ЌЕ ГО ОТВОРИ 56-ТО „ОХРИДСКО ЛЕТО“
Untitled Document

Светски познатата  оперска дива Елина Гаранча од Латвија ќе го отвори годинешното 56 издание на најпрестижната музичко сценска манифестација , фестивалот „Охридско лето“.
Во пресрет на  годинешното фестивалско издание на прес конференција што денес се одржа во Охрид ,министерката за култура на Р. Македонија, Елизабета Канчевска - Милевска, градоначалникот Никола Бакрачески, директорот на фестивалот, Оливер Арсовски и  музичкиот и драмски селектори, Гордана Јосифоска- Неделкоска и Ѓорги Јолевски ги открија деталите за овој значаен културен настан.


За значењето на фестивалот „Охридско лето“ градоначалникот Никола Бакрачески, истакна

-„Охридско лето“ претставува континуитет и нераскинлив дел од нашето богато духовно и културно наследство што сите нас не прави горди и не обврзува. Повеќе од 5 децении фестивалот и градот Охрид претставуваат времен дом  на врвни светски имиња од областа на музиката и  театарската уметност коишто по нивните настапи ја шират  убавата охридска приказна насекаде во Светот. Како такви истите претставуваат  најголеми амбасадори  и на Р. Македонија  и на градот Охрид и тоа не само како лулка на цивилизацијата и културен центар  туку и како атрактивна туристичка дестинација. Свесни за тоа со години наназад градот Охрид и граѓаните го поставија фестивалот „Охридско Лето“  високо на врвот на приоритетите  во делот и на  културата и на туризмот. Ние  како Локална власт ќе дадеме се од себе и  во логистичка и во финансиска смисла фестивалот и годинава да помине на највисоко можно ниво што од друга страна и престојот на самите уметници ќе го направи незаборавен  во Охрид, а за возврат уверен сум дека од нивна страна ќе добиеме врвни перформанси кои ќе бидат дел од светската репродуктивна уметност . Цивилизациската придобивка или улога на уметноста е да биде најголем архитект  на соживотот и заедничката  соработка  помеѓу народите и државите, а уметниците да бидат медијатори на  мирот и разбирањето меѓу нив. Од тие причини низ годинешната богата програма која  ја подготвија драмскиот и музички  селектор  заедно со менаџментот на фестивалот и со Министерството за култура до кое изразувам јавна благодарност  низ бројните музичко сценски настапи, низ театарските претстави , уверен сум дека овие цивилизациски пораки ќе бидат раширени  од градот  Охрид насекаде низ Светот- подвлече Бакрачески.
 


Министерката за култура, Елизабета Канчевска – Милеска го изрази своето задоволство што 56-то издание  на фестивалот „Охридско лето“ ќе  понуди  квалитетна програма и во музичкиот и во драмскиот дел. 


-На програмата ќе бидат застапени преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на најстарата продуцентска куќа во нашата држава, „Вардар филм“. Република Македонија и градот Охрид ќе бидат домаќини на вкупно 800 врвни уметници, изведувачи и автори од 18 земји од целиот свет, од САД, Франција, Шпанија, Германија, Турција, Албанија, Казахстан, Естонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија, а за прв пат  на фестивалот ќе се претстават изведувачи  и од Монако,
рече министерката Канчевска – Милевска  осврнувајќи  се на првата фестивалска ноќ.


-Оваа година, на наше големо задоволство,  фестивалот ќе биде свечено отворен со еден исклучителен оперски концерт со светски прочуената мецосопранка  Елина Гаранча, од Латвија. Оваа примадона, која во последнатаа деценија се смета за една од најсветлите точки на светската оперска сцена, на Античкиот театар ќе настапи со оркестарот на Македонската опера и балет, со кој ќе диригира Ион Марин од Австрија,  кој според многумина е една најфасцинантните личности на светскиот музички подиум денеска. Елина Гаранча е оперска ѕвезда со исклучително високо реноме, певица која критиката ја нарекува „Изведувач кој со сигурност ќе им се приклучи на великаните“, уметник кој редовно настапува во Метрополитен операта во Њујорк, Виенската опера, операта во Франкфурт, Париз и на оперските сцени ширум светот. Уверена сум дека на 12 јули на Античкиот театар ќе бидеме сведоци на едно врвно уметничко претставување, кое ќе ја освои и стручната јавност и македонската публика- подвлече Канческа- Милеска


 По свеченото отворање следуваат низа ексклузивни настани  во музичкиот дел, истакна музичкиот селектор Гордана Јосифоска – Неделкоска.

-      На концертните вечери  во програмата на 56-то издание на фестивалот  ќе имаме можност да чуеме  некои од најголемите и најзначајни  уметници на денешнината како Елина Гаранча, Максим Венгеров, Вадим Рјепин,  Артуро Сандовал Роман Симовиќ, Фазил Сеј, Ана Винитскаја. Тука се,  се разбира,  и концертите на нашите македонски ѕвезди како Ана и Игор Дурловски,  Љубиша и Маја Кировски, настапот на младиот  македонски виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски и многу други врвни уметници- рече Јосифоска- Неделкоска


Оваа година и драмскиот дел на фестивалот изобилува со навистина врвна и мошне внимателно конципирана селекција на претстави кои годинава се во знакот на одбележувањето на јубилејот,  400 години од смртта на големиот Шекспир. Ќе бидат прикажани девет претстави кои го третираат творештвото на театарскиот гениј и тоа на театри од: Македонија, Романија, Турција, Словенија и Бугарија.


-      Минатата година ја отворивме програмата  Младо театарско Охридско Лето која ги промовира младите театарски  режисери и продукции од земјава и странство. И оваа година две претстави се случуваат во оваа програма . Националниот театар од Букурешт  и Народниот театар од Битола- вели  драмскиот селектор Ѓорги Јолевски.


 
Директорот на фестивалот, Оливер Арсовски истакна дека се спремни да ги дочекаат сите учесници на фестивалот и посетители кои според најавите се бројни и ги има од цел Свет.


-      Спремни сме да ги пречекаме сите уметници  и гости кои ги очекуваме  од странство како и да бидеме добри домаќини за сите наши уметници и љубители на уметноста. Голем е бројот на оние кои бараат резервација за свеченото отворање иако се уште ја немавме откриено ѕвездата на вечерта. Тоа кажува дека Охридско Лето  по традиција нуди квалитет кој го препознаваат и надвор од нашите граници – потенцира Арсовски.


 
Годинешното фестивалско издание ќе биде затворено со  проектот  на Горан Трајковски,  театарсата музика насловена како  „На светов убавина“.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  634  пати
Објавено на: 13.06.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©