Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РЕГУЛИРА РАБОТНИОТ СТАТУС НА 67 ЛИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и  заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски, денеска доделија решенија за  трансформација на работниот однос од привремен во редовен на 67 лица вработени во основните и средни училишта во градов.  Проектот е особено значаен затоа  неговата реализација  значи регулирање на работниот статус на сите вработени во охридските училишта.

На свеченоста по повод настанот пред присутните во салата на општина Охрид градоначалникот Бакрачески, истакна:

- Велат дека сите луѓе по природа го сакаат знаењето  само доколку тоа умешно се предава и пренесува без притоа  процесот на  учење да притиска, оптеретува или заплашува... Токму затоа  вистинската вредност на наставникот не  е детерминирана со тоа што знае, ниту пак со неговата способност да го пренесе она што го знае, туку да ја стимулира желбата кај децата да сакаат  да  научат и да знаат. Затоа огромна е улогата  на учителот, наставникот и целокупниот школски персонал во познавање на минатото, разбирање на сегашноста и трасирање на иднината......Почитуван, Заменик министер  за образование во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски, почитувани  професори и учители на кои  ви  сум благодарен за се што сте не научиле, мене, на моите деца, на децата на моите и ваши познаници, на вас на сите нас, почитувани присутни.... Задоволството е големо во ист ден со убави проекти да се израдуваат од една страна учениците за кои тукушто ја ставивме во употреба спортската сала во с. Косел,  а од  друга страна  да ве израдуваме Вас драги професори и останат школски персонал со проектот за кој сега ќе зборуваме...Вие  драги вработени во образовните институции  бевте и останавте мостот преку кој многу, многу нешта мора да поминат, а наша е обврската да создаваме подобри услови за  успешно да го спроведувате образовниот процес. Како одговорна локална власт заедно со Владата на Р. Македонија,  изминатиов период работевме за трајно регулирање на работниот однос на лицата вработени во охридските училишта. Врз основа на Законот за основно и средно образование, Општинската комисија за трансформација на работен однос  од определено на неопределено работно време  за лица ангажирани во училиштата подолго од две години, достави до Министерството за образование и наука  барање за трансформација на работен однос за 67 лица(24 од средно и 43 од основно образование) и  на наше  задоволство за сите нив добивме согласност. Сега задоволството е уште поголемо што  сите вработени  во охридските училишта се со регулиран работен однос,  а со тоа  го решивме нивниот долгогодишен проблем- рече градоначалникот Бакрачески и потсети дека  во изминатиов период врз основа на Законот за трансформација во редовен работен однос донесен во 2015 година , ангажираните во детската градинка и училиштата кои беа на определено време, со овој Закон добија статус на вработени лица на неопределено време.
- Вкупно лица на кои им се трансформираше работниот однос се 46, од кои 9-мина  во основното образование, 2-ца во средното и 35 лица во детската градинка. Како  локално раководство се соочуваме и ги решаваме наследените проблеми. Започнавме процес на склучување спогодби за исплата на паричните средства  кои претходното локално раководство им ги должела на лицата кои со договор на дело ги ангажирала  во образовните институции во градот , а притоа истите не им ги исплатила.   За прв пат започнавме постапка на легализација на образовните институции – додаде Бакрачески и се осврна на дел од инфраструктурните проекти кои во изминатиов период се реализирани во  охридските училишта.
Токму затоа што квалитетното образование претставува благосостојба и просперитет за заедницата и индивидуата ние продолжуваме во континуитет да инвестираме во основните и средни училишта во градов.   Изминатиов период  се работеше на подобрување на инфраструктурата во   четирите средни училишта во градов. Нови кровови се поставени во двата објекти на основното  училиште „Кочо Рацин“, и ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, а ги реновиравме и санитарните јазли. Нов лик доби и ОУ „Братство – Единство“.Во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец  се изгради и опреми училишна библиотека,  а се промени и училишниот под . Во село Ливоишта  го отворивме  основното училиште „Ванчо Николески . Отворивме детски градинки во посебни просторни услови во Велгошти , Лескоец. Пештани и  во рамки на ОУ „Кочо Рацин“- потсети Бакрачески.

Заменик Министерот за образование и наука, Спиро Ристоски укажа дека на ниво на Р. Македонија работниот однос се регулира на над 9 000 вработени во образовните институции во земјава.

Досега, кумулативно  работниот однос од определено , на неопределено  работно време им се трансферираше  на повеќе од 9 000  вработени во областа на образованието, во најголем дел наставен кадар. Со тоа кај 9 000  лица значително се зголеми нивото на задоволство  и сатисфакција од работењето, се обезбеди поголема економска сигурност, а тоа пак, како што и напоменав придонесува кон поквалитетна образовна понуда и поквалитетно  пренесување на знаењето на самите ученици- рече заменик министерот Ристоски.

Во изминатиов период во континуитет е забележан и пораст на месечните плати на вработените во образовните институции во државава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  810  пати
Објавено на: 08.06.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©