Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАВЕНА ВО УПОТРЕБА СПОРТСКАТА САЛА ВО СЕЛО КОСЕЛ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот  за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната  спортска сала  во рамки на  подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел.

Станува  збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија,  којшто  е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики.  

Претходно салата во  подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел  беше  вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа не се одржуваше настава. Заедно со Владата на Р. Македонија  изминатиов период работевме на реконструкција на  таванот, електричните инсталации. Просторот се молериса се постави  комплетно нова  дограма  и  под како и  нови спортски реквизити. Се изградија нови соблекувални кои се целосно опремени- рече градоначалникот  на Охрид, Никола Бакрачески.

Спортската сала  во Косел е   целосно опремена по сите европски стандарди, рече заменик министерот за образование во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски.

Во салата има соодветна опрема и инфраструктура која претходно беше далеку од она што беше реалноста во рамки на соодветната спортска сала. Станува збор за значаен капитален објект во ова населено место и општо за Охрид од аспект што пред се учениците и воопшто граѓаните ќе може да реализираат спортски и рекреативни активности и предметот спортско образование да го реализираат во најсовремени услови, рече Заменик министерот Ристоски кој најави изградба на уште една спортска сала  во Охрид,.

При крај се подготвителните активности за изградба на спортска сала во рамки на ОУ „Кочо Рацин“. Општината ги завршува финалните подготовки околу утврдување на локацијата , така што во рамки на училиштето во скоро време очекувам да се отпочнат подготвителните активности, а исто така од наша страна ќе извршиме увид и  на подготвителните активности кои треба да се извршат во делот на реконструкцијата на ОУ „Григор Пеличев“ каде што во наредните 10 дена по завршување на школската година ќе отпочне реконструкцијата на ова основно училиште,  инвестиција од околу 8 милиони евра што беше и едно од барањата на општина Охрид – подвлече   Ристоски.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески потсети на дел од инфраструктурните проекти  во охридските училишта  кои заедно со Владата на Р. Македонија изминатиов период ги реализира општина Охрид.

-Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го отворивме  центарот  за кариера. Во ОСУ „Св. Климент  Охридски“ се изврши санација и молерисување на училишните простории, се реновираше дел од доводната инсталација, системот за парно греење. Во  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ се изврши молерисување на училишните простории и се постави ПВЦ столариај . Во село Ливоишта  го отворивме училиштето  „Ванчо Николески“ . Ги реконструиравме и нови кровови се поставени во двата објекти на основното  училиште „Кочо Рацин“ и ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти каде се изгради и нова фасада  Во овие установи реновирани се и санитарните јазли а нов лик доби и ОУ „Братство – Единство“. Во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец  се изгради и опреми училишна библиотека, а се промени и подот низ училиштата . Отворивме детски градинки во посебни просторни услови во Велгошти , Лескоец, Пештани и во рамки на ОУ „Кочо Рацин“ во населба Радојца Новичиќ- рече градоначалникот Бакрачески укажувајќи дека во насока на развојот на спортот во градов општината континуирано реализира спортски проекти,  а со владина поддршка  во тек на градба се капитални објекти.
-Ја  отворивме спортска академија која функционира со три паралелки по фудбал, ракомет и кошарка во рамки на ОУТУ „Ванчо Питошески“, го субвенционираме користењето на спортските терени на ЈП „Билјанини извори “ од страна на спортските клубови во Охрид, ги организиравме училишните спортски лиги, кошаркарскиот турнир во младинска категорија и низа други спортски натпреварувања од државен, регионален, европски и светски ранг. Во Охрид во  рамки на СРЦ „Билјанини извори“ во тек е градбата на  двојниот терен  за тенис и единечниот. Веќе се  гради   затворениот пливачки базен, а ќе се реконструира и адаптира и постоечкиот отворен базен. Во спортскиот центар е предвидено покрај  тениски  да има и  4 кошаркарски и две ракометни игралишта   од кои по едно  со трибини.  Спортски игралишта изградивме во населбите: Лескоец и Подмоље во с. Трпејца, а во Лескоец е во тек на градба. Вакви игралишта и наредниов период ќе се градта во Охрид – истакна градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристески денеска во Охрид доделија 67 решенија за трансформација на работен однос од привремен во редовен  на работно ангажирани лица во охридските училишта.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  791  пати
Објавено на: 08.06.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©