Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛЕКАРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот, Никола  Бакрачески, вечерва    го отвори 4-от по ред Конгрес на здружението на лекари по општа- семејна медицина што од   14 до 17 мај се одржува во градот -домаќин, Охрид.


екогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Така е и вечерва на вашиот  4 Конгрес, на Здружението на лекари по општа медицина. Свој меѓу своите. Драги колеги, во свое име и во името на граѓаните на Охрид, ви посакувам успешна работа и пријатен престој во Охрид. Работата на нашите колеги од примарната здравствена заштита, со ефикасна семејна медицина, претставува темел за добро здравје на поединецот и пошироката заедница. Верувам дека ва наредните три дена, стекнувањето на нови знаења и искуства, ќе придонесе тој темел да се зацврсти, а семејниот лекар да биде столб во грижата за здравјето на граѓаните. Ако се погледнат темите кои ќе ги разгледувате на вашите работни сесии,  предавачите и учесниците, јасно е дека организаторите направиле максимален напор за успешно одржување на најзначајниот настан годинава за лекарите од општа медицина, за што ги упатувам моите искрени честитки. Почитувани колеги, и покрај вашата богата агенда на конгресот, убеден сум дека ќе одвоите малку време да се насладувате на боите на езерото, убавината на Галичица, магијата на Св.Наум и шепотот на охридските сокаци за богатото минато на нашиот Охрид- рече градоначалникот Бакрачески.


Д-р Горан Димитров од Лекарското Друштво на Македонија се осврна на законските измени кои се во полза на заштита на правата на пациентите и лекарите а пред присутните се обрати и претседателката на ЗЛОМ-СМ д-р Нада Аницин.
 


- Проблемите со менталното здравје стануваат се поочигледни во светот и во Македонија. Светската здравствена организација(СЗО), проценува дека 400 милиони луѓе во светот постојано страдаат од ментални и невролошки растројства. До 2020 година се очекува процентот на менталните заболувања да се зголеми до 50%.Потребата за палијативно згрижување во Република Македонија станува еден од приоритетните проблеми за чие решавање потребно е државата во соработка со здравствените професионалци,здруженија, пациенти и нивните семејства,како и целокупната јавност,да развијат национална здравствена политика за палијативно згрижување. Голем дел од здравствениот буџет во Р. Македонија се троши за луѓе во последните години од животот, но тие не секогаш се згрижени на начин кој најмногу одговара на нивните потреби. Процесот на реформи во здравството е континуиран и долготраен процес. Семејниот лекар е производ на тие реформи. Членството и соработката на ЗЛОМ-СМ во многу регионални,европски и светски здруженија ни овозможува достапна размена на многу различни,добри практики и политики за унапредување на квалитетот и услугите на работа на семејниот лекар- вели д-р Аницин.
 


Во текот на неколкудневниот  Конгрес,  еден од најголемите од ваков тип во државава  ќе се разменуваат ставови, знаења и искуства во неколку области: хронични незаразни болести,кардиоваскуларни болести, канцер, дијабетес и хронични респираторни болести.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  784  пати
Објавено на: 14.04.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©