Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2016 ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ БИЛБОРДИ И РЕКЛАМНИ ПАНОА
Untitled Document

Врз основа на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Охрид ("Сл.гласник на Општина Охрид" бр. 14/15), како и врз основа на член 4 од Одлуката за поставување урбана опрема – рекламни и информациони паноа на подрачјето на општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр. 4/16 ), а во со гласност со Одлуката за утврдување на почетна цена за поставување на рекламни паноа-билборди („Сл.гласник на Општина Охрид" бр. 6/14), донесени од Советот на Општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2016
за
добивање право за поставување 
на
рекламни билборди и рекламни паноа

1. ПРЕДМЕТ  НА  ЈАВНИОТ ОГЛАС
Предмет на овој оглас е добивање право за поставување на рекламни паноа – билборди на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање (во понатамошниот текст-билбордите).
Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид ("Сл.гласникнаОпштина Охрид" бр. 14/15).
Билбордите треба да имаат двострана рекламна површина со правоаголна форма со следните димензии: должина од 450 см до 470 см и висина од 250 см до 270 см.
Предметот на јавниот оглас-локациите се делливи и секоја локација претставува посебен дел и за секоја локација се доделува право за поставување на билборди, за кои се издава одобрение за поставување и се склучува договор.
Електронското јавно наддавање ќе се врши за секоја локација поединечно.

2. ОПШТ ОПИС И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:
Локациите за поставување на билбордите се дефинирани со вкупен број 96 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа:

  • Локациите утврдени со реден број: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34 и 35 се наоѓаат на Ул. ‘’Булевар Туристичка’’;
  • Локациите утврдени со реден број: 36 и 65 се наоѓаат на Ул. ‘’Булевар Македонски Просветители’’;
  • Локациите утврдени со реден број: 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 45, 46, 47, 48, 49, 50, 51, 52, 53, 54, 55, 56, 57, 58, 59, 60, 61, 62 и 63 се наоѓаат на Ул.Партизанска;
  • Локацијата утврдена со реден број 64 се наоѓа на Ул. ‘’Климент Охридски’’;
  • Локациите утврдени со реден број: 66, 67, 68, 69, 70, 71, 72, 73, 74, 75, 76, 77, 78, 79, 80, 81, 82, 83, 84, 85, 86, 87, 88 и 89 се наоѓаат на Ул.’’Кеј Македонија’’;
  • Локациите утврдени со реден број: 90, 91, 92, 93, 94, 95 и 96 се наоѓаат на Ул. ‘’АСНОМ’’.

Деталната местоположба на микролокациите може да се види од графичкиот прилог, кој може да се подигне секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, од Одделението за јавни набавки при општина Охрид.

3. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС:
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, кои се регистрирани за обавувањена дејност рекламирање и огласување како претежна дејност, под услови утврдени со јавниот оглас.

Јавниот оглас трае од денот на објавувањето па се до 13.04.2016 година до 13:00 часот.

Право на учество на јавно наддавање – лицитација имаат сите домашни и странски правни и физичкилица, кои најдоцна до денот и часот на јавното отворање на понудите ќе положат и ќе достават потврда за уплатен гарантен депозит до Комисијата, како и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање. 

Депозитот изнесува 20% од почетната цена утврдена за локациите за кои понудувачот доставил понуда на годишно ниво и треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:
Трезорска сметка: 100000000063095;
Сметка на буџетски корисник: 7520140614 630 10;
Приходна шифра: 724125 Програма 00.

За уплатениот депозит, се доставува потврда за уплатата, која треба да се приложи со докуметите за идентификација најкасно на денот и часот најавното отворање на понудите.
Секој понудувач може да учествува на јавниот оглас со давање понуда за еднаили за повеќе локации кои се предмет на јавниот оглас.
Јавниот оглас се смета зауспешен и во случај  да се избере најповолен понудувач за дел од локациите.

4. РОК И ПОЧЕТНА ЦЕНА ЗА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Правото за поставување на билбордите се определува за период од 5 (пет) години (2016-2021 година).
Општина Охрид го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на билборди, заради потребите на општина Охрид.
Понудената цена за добивање право за поставување на билбордите од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари.
Почетната цена за електронското јавно наддавање, поединечно за секоја локација ќе изнесува 24.000,оо (дваесет и четири илјади ) денари годишно.
Минималниот износ со кој може да се лицитира од моментот на највисоката понуда изнесува 240,оо денари, а максималниот износ со кој може да се лицитира изнесува 2.400,оо денари.

5. ВРЕМЕ И МЕСТО НА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:
Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се изврши на ден 13.04.2016 година со почеток во 13:00 часот, во просториите на Мала сала при општина Охрид.

6. ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
На јавното електронско наддавање – лицитацијата може да учествуваат само понудувачите кои имаат доставено документација за јавниот оглас и имаат уплатено гарантен депозит.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 15 ( петнаесет ) дена од јавното отворање на понудите.
За јавното електронско наддавање, во рок од 5 дена пред неговото одржување, учесниците што ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање, ќе бидат известени писмено, со електронска пошта и телефонски од страна на Комисијата за спроведување на постапката.

7. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
Времетраењето на јавното наддавање ќе биде определено со Правилник кој благовремено ќе им биде доставен на понудувачите.

8. ОБВРСКИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ:
Најповолниот понудувач во рок од 10 (десет) дена од склучувањето на Договорот, има обврска да достави по 3 (три) проекти-комплет со статичка пресметка на рекламните паноа (билборди) кои се услов за добивање на одобрение за поставување на урбана опрема.
Приклучокот за користење на електрична енергија, најповолниот понудувач самостојно го регулира со ЕВН Македонија.
Најповолниот понудувач не смее да изврши приклучок на јавното улично осветлување.
Плаќањето на годишната закупнина за издадените локации ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна на општина Охрид.
Плаќањето на закупнината за 2016 година, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 10 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15-ти Мај за деловната година.
Плаќањето на комуналната такса ќе се регулира согласно Законот за комунални такси и Одлуката од Советот на општина Охрид.

9. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА/ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТАкојатребадасеприложи:

  • Финансика понуда;
  • Потврда за регистрирана дејност-издадена од централен регисар не постара од 6 ( шест ) месеци;
  • Потврда за измирени обврски по основ на закупнина и комунална такса заклучно со 2015 година-издадена од Одделението за сметководство и плаќање при општина Охрид;
  • Уверение од надлежен суд дека не е под стечај во оригинал или заверена копија кај нотар и непостара од 6 месеца;
  • Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, оригинал или копија за верена кај нотар и не постара од 1 месец;
  • доказ за уплатениот износ-депозит за учество на  огласот;
  • Согласност заверена кај Нотар за бесплатно користење на 1 (еден) билборд на одредено време не подолго од 30 (триесет) дена од страна на општината;
  • Изјава заверена кај Нотар со која неотповикливо се обврзува да ја плаќа комуналната такса согласно Законот за комунални такси и Одлуката од Советот на општина Охрид.

10.ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:
По завршувањето на постапката Комисијата доставува предлог до Градоначалникот на ОпштинаОхрид, за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на договор.
Градоначалникот на Општина Охрид и најповолниот понудувач, склучуваат договор во кој покрај начинот на плаќањена постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.
Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.
Комисијата по завршување на јавното наддавање, ќе го врати положениот депозит на оние учесници во наддавањето чии понуди не се прифатени.
На понудувачите депозитот им се враќа во рок од  15 дена од денот на јавното електронско наддавање.
Договорот со најповолниот понудувач се потпишува во рок од 15 дена по правосилноста на решението за избор на најповолен понудувач.

11.НАЧИН НА ДОСТАВА НА ПОНУДАТА:
Понудата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горенагол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот.
Понудата се доставува лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следнава адреса: ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57; 6000 Охрид ( Доколку понудата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите-13.04.2016 година, 13:00 часот ).
Внатрешноста на ковертот содржи 2 (две) плика, во едното плико се приложува финансиската понуда, а во другото плико се приложува задолжителната документација за учество на огласот.
Пример за адресирање на плик за достава:

‘’НЕ ОТВОРАЈ’’
‘Да не се отвора пред 13.04.2016 година, пред 13:00 часот’’
Оглас бр.01/2016

 

Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за доделување на правото за поставување на билборди
Ул.’’Димитар Влахов’’ бр.57
6000 Охрид

Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата. 
Рок
на доставување на понудата е одденот на објавувањето на огласот па се до 13.04.2016 година до 13:00 часот.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.
Наденот на отворањето на понудите треба да презентираат документи за идентитет и тоа:

  • полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице;
  • лична карта за физички лица;

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел:
046/262-492; локал: 138.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  984  пати
Објавено на: 28.03.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©