Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕНА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПЕШТАНИ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , Заменик министерот за труд и социјална политика , Диме Спасов и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Р. Македонија Теодор Русинов, денеска ја ставија во употреба детската градинка во посебни просторни услови во село Пештани.


Станува збор за четвртата по ред  детска градинка  од ваков тип во охридскиот регион. Таа е сместена во ОУ „Св. Наум Охридски“ и во нејзини рамки функционираат  занимална , кујна, пред простор , санитарни јазли  и трпезарија .


Вкупната вредност на проектот кој заедно го реализираа Локалната самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Бугарскиот конзулат, и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“  е околу 1 милион денари.


Локалната самоуправа ги обезбеди  просториите го уреди дворниот дел, а  ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ учествуваше во опремувањето.


Градоначалникот Бакрачески истакна дека со отворање на оваа градинка продолжува  стратегијата на Локалната самоуправа  и Министерството за труд и социјална политика зацртана пред две години   а се однесува на  подобрување  на условите за згрижување на деца во градските  и рурални средини.  


- Во изминатиот период тоа го направивме во селата Лескоец и Велгошти и во населба „Радојца Новичиќ“. Сега и во село Пештани создаваме услови за адекватно одгледување  и воспитување деца. Ова за мене претставува еден чин на особено задоволство бидејќи фидбекот од родителите коишто го имавме во изминатите две години покажа дека оваа стратегија за отворање градинки во посебни просторни услови е ефикасна и корисна. Од една страна на децата им обезбедуваме адекватни услови за раст, развој и воспитување а од друга страна родителите ќе имаат можност за време на престојот на нивните деца во ваквите градинки да се занимаваат со други активности- рече Бакрачески.


Министерството за труд и социјална политика ги опреми просториите, го набави мебелот и белата техника .


Заменик министерот  Диме Спасов изразувајќи благодарност до градоначалникот Бакрачески за заложбите да се  отвораат нови детски градинки подвлече дека и во иднина ќе се работи на зголемување на нивниот број.


- Изразувам благодарност и му честитам на градоначалникот Бакрачески  за вниманието коешто го посвети изминатиот период  на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Заедно со Владата на Р. Македонија изминатите години и во Охрид и во голем број во  другите  општини направен е голем исчекор во насока на зголемување на бројот на детски градинки. Изминативе  неколку години отворени се вкупно  44  градинки што е голема бројка .Секако потреба постои уште. И понатаму во соработка со општините продолжуваме со реализација на конкретни активности и конкретен акциски план со цел да продолжиме да  ги унапредубваме условите за згрижување деца од предучилишна возраст  и да ги надградуваме истите. Да создаваме објекти во кои ќе се згрижуваат дечињата и во руралните и во градски средини- истакна Спасов.


 Со средства од Бугарскиот  конзулат во вредност од  6500 евра се реализираа градежни активности.


Генералниот конзул на Р. Бугарија во Р. Македонија, Теодор Русинов посака да се множат охриѓани и понатака  да се создаваат подобри услови за нивно одгледување и воспитување .    

 
- Пријателските врски помеѓу Бугарскиот конзулат и општина Охрид вродија со плод. Односно допринесоа во реализацијата на овој проект. Соработката продолжува  и уште многу проекти ќе реализираме заедно- рече Русинов.


Во моментов бројот на деца кои се запишани и кои ќе ја посетуваат градинката е 20.Станува збор за хетерогена група во која ќе бидат згрижени деца на возраст од 2 до 6 години. Во овој објект ангажирани се 1 воспитувачка, 1 негователка и 1 куварка.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1147  пати
Објавено на: 16.02.16

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©