Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЦРВЕН КРСТ –ОХРИД ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКАТА ОПШТИНСКА НАГРАДА СВ.КЛИМЕНТ –ПАТРОН НА ГРАДОТ
Untitled Document

Општинската организација на Црвен Крст – Охрид е годинашен добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот.
Градоначалникот Никола  Бакрачески денеска , на пригодна свеченост ги наведе причините зошто  оваа институција  е достојна да ја носи  оваа престижна награда.
 

-Заедно се раѓавме , растевме, се развиваме.   Ние низ лавиринтите на сопствениот животен циклус а таа цели 70 Лета несебично работеше и   работи , делува и допринесува   за  зголемување на свеста кај луѓето и  ширење на универзалните и се временски  принципи:еднаквост и рамноправност,  промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор  и соодветна поддршка на ранливата категорија луѓе. 70 Лета, сиот нејзин тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници несебично работеа и работат на активности и проекти  кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани. Акцентот на нивното делување кое во овие турболентни времиња е раритет е свртен кон ублажување на човечкото страдање , заштитата и здравјето воопшто , почит и достоинство за секое човечко битие , особено за време на вооружени конфликти , несреќи и  катастрофи, работа на превенција на болести, унапредување на здравствената  и социјалана добросостојба на луѓето и што е особено значајно  поттикнување на доброволен ангажман и постојана подготвеност за давање помош како универзално чувство  за солидарност и хуманост.70 Лета, минати со стотици организирани крводарителски акции . 70 Лета, со   безброј хуманитарни активности наменети  за наши сограѓанин токму кога тие им биле најпотребни.70 Лета, минати со организирани  едукативни предавања  на повеќе теми кои значајно допринесуваат во делот на зголемување на свеста и преземање на превентивни мерки особено во делот на спречување на болестите . 70 Лета, минати во  одбележување и промовирање на  значајни меѓународни  датуми : 18-ти Октомври- меѓународен ден  за борба против трговија со луѓе,  16-Октомври, меѓународен ден на гладта и многу други.70 Лета, минати  во успешно делување во случаи на несреќи и катастрофи со  добро обучени екипи, Единици за безбедност на вода и единици за спасување на планина и непристапни терени  како и справување со пожари на непристапни терени. Во единиците членуваат над 300 млади, храбри и хумани луѓе , волонтери кои поседуваат соодветни, меѓународно признати лиценци во различни области на делување.  Нивната храброст и чувството за хуманост се причина само во   последниве  три години организацијата да  забележи 127 спасени давеници во Охридското Езеро, 26 пронајдени и спасени загубени или повредени лица во планините во Охридскиот и струшкиот регион и преку 2 500 полесни или потешки интервенции за укажување на прва помош.Заради сите досегашни , тековни и идни активности , заради континуирано подадената хумана  рака  секогаш кога било најпотребно ,  заради  хуманиот и предан дух со чуство на еднаквост и рамноправност меѓу сите луѓе што е одлика  на сите  нејзини вработени и волонтери,  објавувам дека  годинашен добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски - Патрон на градот е Општинската Организација на Црвен Крст- Охрид. Оваа највисока општинска награда е големо благодарам од името на сите наши сограѓани   кон  тимот на  Црвен Крст – Охрид за сиот свој труд , време, ресурси, со цел  секогаш да бидат  таму каде тоа било најпотребно.  Оваа награда во исто време е  охрабрување  и поттик на  истата  и понатака да остане на страната на обичниот,  хуманиот и пред се несебичниот човек - рече градоначалникот Бакрачески.


За   Свети Климентовата награда  врз претходно распишан конкурс годинава  беа предложени   9  видни охриѓани и институции : Црвен Крст- Општинска Организација Охрид; д-р Добрила Зимоска- ЈЗУ Општа Болница Охрид; Кузман Шапкарев- Отворен граѓански универзитет за доживотно учење; Ѓорѓи Трпески- претседател на здружение на пензионери  Охрид и Дебрца; проф. д-р. Славе Банар- писател;Јован Трпески- Поречки- сопственик на ТВ „Морис“од Охрид; Влатко Димитров -спортски работник; Тоде Илиевски- писател, шахист и енигматичар и постхумно проф. д-р Никола Крлески.


-Комисијата во состав Гордана Коњановска- Претседател, Димитар Спасески, Ангел Јанев, Виктор Топаловски, Гоце Толески, Елизабета Јанкуловска и Људмил Видически,   навистина имаше доста тешка задача и сметам дека кој и да беше избран од  овие   9 апликанти  за највисокото  општинско признание нема да беше неправедно. Годинешниот број на апликанти кој е значително поголем во однос на изминатите неколку години е доволна потврда дека мотивираноста  да се добие највисоката општинска награда Св. Климент Охридски – Патрон на градот,од година во година  расте што ме прави особено среќен и горд како човек и градоначалник на Охрид- подвлече градоначалникот Бакрачески.


На свеченоста  градоначалникот Никола Бакрачески им ги  врачи паричните награди на  учениците Сергеј Костоски и Ева Николоска чии литературни творби „Охрид во чест на Свети Климента“ под шифра „ Триконхос“  и „ Ѕвездата кон Бога“ под шифра „ АЕИ 321“  беа избрани за најдобри по објавениот Литературен конкурс што општината го објаави по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид,


Годинава Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија во состав, Дејан Паноски, Оливија Пирузева- Јанева, Александар Калачоски, Коста Трифуноски  и Јованка Точкова, одлучија  дека по пристигнатите апликации ниту еден од кандидатите не е на нивото да ја заслужи  помалата општинска награда-  Повелба.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  703  пати
Објавено на: 07.12.15

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©