Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со свеченост што вечерва се одржа во спортската сала „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини извори“ го одбележаа патрониот празник на установата.

Најмладите и останатите присутни ги поздрави Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

  - Човек се чувствува прекрасно во овој амбиент полн со детски жагор и ведрина, растреперени срца и позитивна енергија. Чест ми е токму во ваков амбиент, во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име, да Ви го честитам утрешниот празник 7 Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид и патрониот празник на Вашата установа, детската градинка „Јасна Ристеска“ . Покрај до најмладите, кои вечерва ќе ни покажат што научиле, искрени честитки упатувам и до вработените во детската градинка „Јасна Ристеска“ кои ја имаат привелегијата да ги згрижуваат, воспитуваат и образуваат дечињата од претшколска возраст, кои се огледало на најубавиот дел од животот на секој човек. Тие од најрана возраст, на децата им ги всадуваат искреноста,благородноста, нежноста и невиноста, а децата сето тоа го пренесуваат на повозрасните. Локалната самоуправа заедно со Министерството за труд и социјална политика, менаџерскиот тим и вработените, во соработка со родителите, донаторите и луѓето со добра воља, прави постојани напори за подобрување на условите за што подобро згрижување на најмладите во детската градинка. Во оваа прилика сакам да подвлечам дека, покрај другите проекти, отворивме детски градинки во Лескоец и Велгошти, а наскоро ќе ја пуштиме во употреба и градинката во Пештани. Сето тоа го правиме за нашите деца, овие наши цветови кои вечерва достојно ќе ни се претстават и ќе покажат колку научиле за тоа како се дарува љубов, мир и благородност – рече Јанев.


Директорката на установата Розе Костеска потсети за успесите и достигнувања на градинката во насока на беспрекорно згрижување на младите охриѓанчиња.

  - Во 2013 година отворени се две групи во други просторни услови во с.Лескоец и Велгошти. Оваа година отворивме нова група во нас. Радојца Новичиќ, а завршени се подготовките и градежните работи за група во Пештани и секој момент се очекува нејзино официјално отворање. Во градинката денес згрижени се 872 деца, а за нив се грижат 116 вработени. Нашата установа во периодот од минатиот патрон празник до денес може да се пофали со бројни активности и проекти кои ги реализиравме со помош и поддршка на Владата на Република Македонија, МТСП и Министерот Диме Спасов, Градоначалникот Г- дин Никола Бакрачески, Заменик градоначалникот Г- дин Ангел Јанев ,секретарот Г-дин Димитар Спасески, ТЛЕР од Охрид , УНИЦЕФ, УСАИД; Бугарски Конзулат, Германска Амбасада и бројни институции, помагатели и општествено одговорни фирми, претпријатија и граѓани. Реновиравме дел од дотраени санитарни јазли во објектот „Билјана“, покривите и дел од ентериерите во „Развигорче“ и „Централна“, набавени се нови играчки и дидактички материјали, помагала и нагледни средства, набавено игралиште за во дворот од групата во Велгошти и збогатени се дворните игралишта скоро во сите објекти и многу други реализирани активности со цел подобрување на условите за престој на децата во градинката. Вкупно 230 деца со донација на образовен центар ПИСИ посетуваат бесплатен курс по англиски јазик. И најголемиот успех за нас за оваа година претставува трансформацијата на работните места на 35 ангажирани лица со договор на дело и преку агенција за времени вработувања. Исто така на неопределено време вработени се повеќе лица на различни работни места, преку јавни огласи за вработување во текот на целата 2015 година. Во овој период 40 лица се стекнаа со работен однос во нашата установа. Со поддршка од УСАИД ангажирани се дополнителни 6лица на шест месеци, со скратено работно време – истакна Костеска.


Детската градинка во Охрид е формирана во 1963 година. Во 1971 година изграден е првиот наменски објект на сегашната установа „Јасна Ристеска“ а во 1987 година изградени се останатите четири објекти на градинката.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1266  пати
Објавено на: 06.11.15

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©