Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЦЕНТРИ ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ И АУТИЗАМ СЕ ГРАДАТ ВО ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот , Никола Бакрачески и министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов,  денеска во Охрид  беа на увид во реновираниот објект на Центарот за социјални работи и во Центарот за згрижуваање на лица со  посебни потреби  „Зраци“ каде денес започнаа градежните активности за  негова реконструкција  и проширување  и во кој  покрај возрасни ќе бидат згрижени и деца со  пречки во развојот  и со аутизам.
Проектот вреден над 1 милион денари е на општина Охрид и Министерството за труд и социјална политика.


Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека со овој проект  во Охрид се создаваат услови за соодветно згрижување на сите категории на лица со посебни потреби.
 


-Постоечките  простории на центарот „Зраци“  во кој во моментов  се згрижени возрасни лица со пречки во развојот ќе бидат проширени со уште две простории  со големина од 210 м2. Во едната од двете нови простории ќе бидат згрижени деца со посебни потреби  а во другата деца со аутизам.  Влезот за децата ќе биде одвоен во однос на влезот за возрасни  но сите простории ќе бидат поврзани со заеднички ходник .  Секако ќе се реконструираат и постоечките простории во кој е сместен  центарот „Зраци“. Со тоа во овој објект   практично    ќе функционираат три центри,  за возрасни  со пречки во развојот,за  деца  со пречки во развојот и за  деца со аутизам.  Овие центри се во можност да  згрижат  по 15 лица кои имаат потреба од тоа. За  нив  ќе  се грижат шест стручни лица од кои три  ќе бидат финансирани односно вработени од општина Охрид а останатите три преку Министерството за труд и социјала.  Во просториите на трите центри ќе се реновираат ѕидовите , инсталациите , прозорите , дограмата, санитарните јазли а ќе се опремуваат  и со реквизити и опрема којашто е неопходна за ваквите центри- истакна градоначалникот Бакрачески кој потсети дека на неколку пати општината преку различни проекти финансиски го има овозможено  досегашното функционирање на центарот „Зраци“.


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека проекти од ваков тип се многу битни за родителите и децата со пречки во развојот и токму поради тоа вакви проекти секогаш ќе бидат поддржувани од централната власт.
 


- По завршувањето на градежните активности и реконструкцијата, објектот  ќе биде опремен од страна на Министерството во соработка со општината. Заеднички ќе обезбедиме и кадар којшто ќе функционира и ќе работи со дечињата со попреченост во овие два дневни центри а ќе ги покриеме и трошоците за редовно одржување на овие два дневни центри- посочи Спасов.


Во однос на  објектот  на Центарот за социјални работи во Охрид кој целосно е реновиран како во надворешниот така и во внатрешниот дел , министерот Спасов истакна.


-Станува збор за инвестиција од околу 5  300 000 денари која што беше обезбедена преку Светска Банка. Ова е 11 –ти центар за социјални работи којшто целосно го реновираме и опремуваме со нова опрема. Со ова се подобруваат условите за работа но и за соодветен  прием на барањата на граѓаните и остварување на правата од социјална и детска заштита. Продолжуваме со проектот за целосно реновирање и обновување на центрите за социјална работа во Р. Македонија. Веќе започна третата фаза за реновирање на 18 центри за социјална работи или вкупно 30 објекти. Средствата за првата и втората фаза  ги обезбедивме од Светска Банка во износ од 50 милиони денари,  објасни министерот Спасов  и укажа дека   за  третата фаза и реновирање на последните 30 објекти, односно 18 центри за социјална работи и 12 центри за деца со пречки во развојот, се обезбедени  72 милиони денари  од ИПА програмата на Европската Унија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  648  пати
Објавено на: 30.10.15

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©