Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ НА ПЕДИЈАТРИТЕ
Untitled Document

Повеќе од 600 лекари од Македонија, како и гости од регионот, од државите на ЕУ и експерти од  САД и Канада учествуваат на  шестиот Конгрес на педијатрите на Република Македонија што вчера започна  во хотелот „ Изгрев“ во Струга.

Конгресот го отвори Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, која е и покровител на овој значаен научен собир, а учесниците ги поздравија проф. д-р Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатрите на Македонија и градоначалникот на Охрид  Никола Бакрачески.

-Дозволете ми да почнам со благодарност кон мојата пријателка и колешка д-р Аспазија Софијанова за поканата да бидам дел од овој настан и за нејзините напори, овој амбиент вечерва да изгледа вака величентсвено –вака  го започна своето обраќање охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на на шесттиот Конгрес на  Здружението на педијатри на Република Македонија.

Бакрачески обраќајќи се изрази благодарност и до сите присутни затоа што како што кажа: „ овозможивте меѓу Вас да се чувствувам како свој меѓу своите“ ,  по што  даде искрен одговор, дали е подобро да се биде градоначалник или доктор.

– Вие сте причина зошто сум денес јас на оваа говорница, иако сум само градоначалник на градот над кој изгрева сонцето кога наутро од ова боженствено место ќе фрлите поглед кон исток, како ретка привилегија први да ги почувствувате неговите зраците и да уживате во најубавиот изгрев во регионот. Често ме прашуваат дали е подобро да се биде градоначалник или доктор. Прашањето воопшто не ми создава дилеми а одговорот е секогаш ист. И покрај сите наши негодувања, и покрај сите наши незадоволства, честото жртвување на слободното време, многуте непреспиени ноќи на дежурствата и на повиците, а можеби и недоволното вреднување на трудот, и покрај се и над се, нема поубава , нема поблагородна и нема поплеменита професија од медицината. Нема поголема сатисфакција и нешто што повеќе може да ја исполни душата од чувството кога спасувате човечки живот и добивате притисок и пулс на мониторот, чувството кога на крај на сите иследувања ја дефинирате проблематичната дијагноза, чувството на правилно избран третман кој дава видно подобрување на симптомите , чувството кога на крај на денот ќе добиете весела детска насмевка, благослов на задоволните родители и благодарноста на околината во која живеетеискрено кажа Бакрачески и продолжи:

-Нашата професија е единствен избор кој вистински го дефинира нашиот карактер. Почитувани колеги гледајќи ја програмата на овој конгрес, тематските области кои ќе се обработуваат , изборот на поканети гости и предавачи, како и бројноста на сесиите и презентациите, можам само да упатам искрени честитики до организаторите за напорната работа во композицијата на овој несомнено најзначаен настан за македонската педијатрија годинава. Уверен сум дека во наредните три дена, на најдобар можен начин ќе го искорисите овој настан за размена на искуства, ќе Ве охрабри да усвоите нови методи и процедури во педијатријата, да направите преглед на резултатите од најновите научни студии, да се повикате на измените и дополнувањата на новите водичи во педијатријата, и на крај сето ова да го искористите како можност за воспоставување на нови начини на соработка со вашите колеги од различни институции и различни држави – кажа Бакрачески осврнувајќи се на стручниот и научниот дел на конгресот. Не заборавајќи дека сепак е градоначалник на Охрид, градот по кој езерото го носи своето име,  за крај на присутните им порача:

-Но, секако, меѓу сесиите уживајте во убавините на овој крај, во погледот од овој прекрасен хотел, спокојот на манастирскиот комплекс Св Богородица и  вкусот на рестораните во Радожда. Не ги пропуштајте убавините на Струга и традицијата на Вевчани, и искористете ја исклучителната можност со брод преку бисерното езеро да го почувтсвувате богатото културно- историско и природно наследство на балканскиот Ерусалим, нашиот Охрид. Со надеж дека зацртаните цели на овој конгрес ќе бидат исполнети, Ви посакувам успешна работа и незаборавен престој во Изгрев – го заврши своето обраќање пред присутните  охридскиот градоначалник, докторот Никола Бакрачески.

На шестиот Конгрес на педијатрите на Република Македонија,  во текот на трите работни дена  ќе се дискутираат повеќе тема од областа на педијатријата, со учество и на 30 исклучителни експерти за неонатологија и педијатрија од 15 држави од светот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  741  пати
Објавено на: 09.10.15

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©