Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Јавен оглас

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА НА „ОДВ ЕЛЕКТРИК“
Untitled Document

-Упатувам  благодарност до градоначалникот на Охрид  Никола Бакрачески   кој континуирано лобираше и не потсетуваше токму тука да се донеси некој инвеститор кој ќе инвестира  и ќе отвори нови работни места- истакна во своето обраќање , премиерот Никола Груевски по повод почетокот на изградбата на фабриката од германската компанија „ОДВ- Електрик“   во Технолошко - индустриската развојна зона во  Струга.


На свечениот чин покрај Премиерот Груевски  присуствуваа и   Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон и германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.
Објектот во кој ќе се произведуваат компоненти за автомобили е инвестиција од 15 милиони евра, а ќе се гради во две фази а ќе бидат отворени околу 1 000 нови работни места. Фабриката треба да биде готова до јуни 2016 година.


Владата, според Премиерот Груевски , подолг период интензивно работи на подготовка на соодветна бизнис клима која ја стави државата на мапата на странски компании заинтересирани за проширување на своите бизниси.


– Инвестициите како оваа денес го потврдуваат успехот на имплементираните проекти и мерки чија намена беше токму привлекување на гиганти како „ОДВ Електрик“ во Македонија. Со денешното поставување на камен темелникот на новата фабрика Македонија добива нова голема инвестиција од автомобилската индустрија, нагласи Груевски.


Новиот објект, според Премиерот , ќе донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство. Фабриката ќе придонесе и кон зајакнување на извозот бидејќи сите производи се наменети за странски пазари.


– Деловите што ќе се произведуваат во „ОДВ Електрик“ ќе се продаваат во речиси сите земји во ЕУ и во Кина. Најголем нивен купувач во овој момент е „Фолксваген“ со опрема за сите модели, тргнувајќи од „поло“, „пасат„ „шкода“, „бентли“…, а нивните делови ги користи и компанијата „Лада“. Ќе има сериозен извоз од Република Македонија, ќе започнат со десеттина милиони евра, ќе има и сериозен износ на додадена вредност тука во Македонија од неколку илјади евра, рече Груевски кој потсети дека  најавената инвестиција на компанијата „Костал“, која исто така предвидува илјада вработувања, ќе значи големо раздвижување на пазарот на трудот во охридско­ струшкиот регион кој, како што рече, одамна нема видено ваков подем.


Со влезот на овие две компании можностите за работа на жителите на регионот ќе бидат значително зголемени. Тоа директно ќе се одрази на подобрување на животниот стандард и финансиската сигурност на граѓаните. Тоа се нашите приоритети кон кои и понатаму ќе продолжиме неуморно да работиме, подвлече  Премиерот.


Директорот на „ОДВ Електрик“ Батон информира дека компанијата почна со тест производство на три линии во три смени во постоечкиот објект. Одлуката да инвестира во Македонија ја донеле поради подготвеноста на македонската Влада да создаде предуслови поволни за инвеститорите.

 


- Фабриката ќе се простира на површина од 5.000 метри квадратни со канцеларии, складишта и инфраструктура. Во првата фаза фабриката ќе има капацитет од 500 вработени, а во втората планираме да го удвоиме производствениот капацитет со што ќе дојдеме до бројка од илјада вработени. ОДВ „Електрик“ има амбициозни планови во Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи и да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме тоа компанијата ќе инвестира во обука и надградба на вработените, рече Батон.


Според вицепремиерот Ставрески, во ТИРЗ- Струга  обезбедени се сите инфраструктурни услови  кои се основа за инвестирање.


- Во Република Македонија инвеститорите доаѓаат како во земја со најниски даноци во светот, земја рангирана од страна на Светска банка на 30. место во светот во конкуренција на 189 земји од аспект на поволностите за водење бизнис. Инвеститорите доаѓаат бидејќи во земјава има добра бизнис клима, квалитетна работна сила и добар партнер во Владата за реализација на нивната инвестиција, нагласи Ставрески.


Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ  Виктор Мизо изрази задоволство што токму компанија како „ОДВ Електрик“ како најповолна дестинација за реализирање на нивната следна инвестиција ја препозна зоната во охридско­струшкиот регион. Географската поставеност на зоната, како што истакна, во близината на аеродромот „Свети Апостол Павле“ и близината до граничниот премин кон Албанија ќе им овозможи на инвеститорите одлична комуникација со меѓународниот пазар.


- Уверен сум дека позитивните примери на инвеститорите, позитивната клима, квалификуваната работна сила, но и индустриската традиција на регионот ќе бидат повод и други странски инвеститори да ја одберат Македонија, рече Мизо.


 „ОДВ Електрик“ до сега работеше  во браунфилд објект во Охрид каде пред една година почна со работа, а регрутира  и испрати голем број вработени на обуки во странство.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  724  пати
Објавено на: 22.09.15

Настани

Дек 21 Ден на настава на турски јазик

Дек 21 Патронен празник на ОУ Кочо Рацин

Дек 31 Дочек на Нова Година ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

Календар на настани

Актуелни информации

Информации од урбанистичката сфера

Информации за даночни обврзници

Корисни линкови

Фотографија на неделата


Панорама на Охрид 360

 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©