Ohrid - City of UNESCO

Локална самоуправа

Додатни информации

Линкови


ГРАЃАНИТЕ ЗА УСПЕШНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА





ЛЕАП

ИНТЕГРИРАНА СТУДИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ОСТАТОКОТ ОД СТУДЕНЧИШКОТО БЛАТО И ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА НЕГОВА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА

Регистрација на појасот на трската како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита
Стратегија за Локален Економски Развој

Корисни линкови

Бесплатно објавување на вашите туристички услуги

ЛИХНИДОС - приватно сместување

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

ЗЕЛС

Собрание на РМ

Влада на РМ

Основен суд Охрид


Почеток :: Останати вести
ЕДЕН ВЕК ЖЕНСКИ ПРАВА ОДБЕЛЕЖАН СО ИЗЛОЖБА, ПОЕЗИЈА, МОНОДРАМА......
Untitled Document

Чествувањето на Меѓународниот Ден на жената – 8. Март, годинава со право минува во знакот на многубројни манифестации и пригодни свечености: Годинешниот празник на мајката и денот на жената се совпаѓа со навршувањето на 100 години од денот кога Роза Луксембург и Клара Цеткин ја започнаа трнливата битка за рамноправност на жената со мажот и стекнување на правата кои тогаш, но за жал сеуште и денес понекаде во светот,им припаѓаат само на мажите.
Годинешното празнување на Осми Март во Охрид минува во знакот на одржувањето на повеке пригодни манифестации во чија реализација партиципира и Локалната самоуправа. Синоќа во организација на Женскиот Центар „Бисера“, во Центарот за Култура „Григор Прличев“, се одржа пригодна манифестација во рамките на која беше поместена изложба на дела чии автори се жени- сликари, поетесите - членки на ЖЦ „Бисера“ читаа свои стихови, а учениците на ОМУ „Методи Патче“, во знак на честитка за празникот на мајката и жената, изведуваа солистички нумери на повеке музички инструменти.
За организацијата на манифестација говореше историчарот на уметноста, Славко Упевче, за значењето на денот и Женскиот Центар „Бисера“ свое обраќање имаше претседателката на ЖЦ, Нада Мартиноска, а поздравен збор по повод 100 годишнината од одбележувањето на Денот на жената имаше градоначалникот Александар Петрески. Честитајки им го празникот на своите сограѓанки, Градоначалникот го истакна историското значење на 8. Март во функција на потврдување на жената како рамноправен општествен субјект, а посебно пофални зборови упати за активноста на ЖЦ „Бисера“ и другите НВО кои во својата активност ги третираат прашањата сврзани со родовата еднаквост бидејки на тој начин самите жени придонесуваат Охрид да се вброи во редот на оние локални заедници во кои родовата еднаквост претставува составен дел на секојдневието.



По завршувањето на оваа свечена пригода, во малата сала на Центарот за култура, во организација на Локалната самоуправа, познатата актерка Јоана Попоска се претстави со незаборавна изведба на својата монодрама. Публиката која без здив ја следеше уметнички прекрасната креација на Попоска, мошне топло ја поздрави со долготраен аплауз на крајот на претставата.

Прочитано:  922  пати
Објавено на: 08.03.08

Настани

Мај 20 Ден на пожарникарите

Мај 23 Национален ден на Власите

Мај 24 Ден на сесловенските просветители

Календар на настани

Информации од урбанистичката сфера

У П А Т С Т В О
за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамки на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко - планска документација

► НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА УЗ 16 дел УБ 16.2 - опфат 3, КО Велестово

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА: Измена и дополнување на УПВНМ за Лагадин- Пештани, дел од УБ 2-опфат1

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА УПВНМ ЛАГАДИН - ПЕШТАНИ БЛОК 3 И ДЕЛ БЛОК 4

Информации за даночни обврзници

ЈАВНА ПОКАНА


ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Highslide JS
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА

Highslide JS
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА

Актуелни информации

Фотографија на неделата

Охридски галеб спремен за лет
Охридски галеб спремен за лет
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани/td>