Последниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја повторува истата теза кога се работи за работата на градоначалникот Александар Петрески, овојпат конрадикторни на самите себе. Кога се повикуваат на одговорноста, ги потсетуваме дека токму градоначалникот Петрески, упорно изминатиов период во најкритичните моменти ја повикуваше централната власт сериозно да се зафати со работа и да му помогне на Охрид и охриѓани. Дотогаш, локалната самоуправа и нејзините служби и јавни претпријатија, самостојно се справуваа со природната стихија, а централните власти убедуваа дека нема опасност. Додека не им случи Луково.
Што се однесува до моралот и критериумите, тука ги прашуваме најнапред тие да одговорат по кои критериуми ВМРО ДПМНЕ ги бира своите раководители, директори и министри кои раководат со државните институции? Критериумите на градоначалникот Петрески ги одобрија граѓаните на Охрид на два последователни изборни циклуси. Впрочем, посетата на Австралија е подолго планирана и е во функција на привлекување на нашите иселеници за вложување во Охрид, нешто за што Владиниот функционер за странски инвестиции потрошил 27.000!? (дваесет и седум илјади контакти) и стотици илјади километри в долж и ширум светот за резултат 0 (нула) !? А, не убедуваа дека потрошените средства за скапата кампања ќе бидат занемарливи во однос на добивката. Па сега, господата од ОК на ВМРО ДПМНЕ сами нека ги компарираат критериумите и моралот.
Од друга страна, Општина Охрид си има служби кои професионално си ја вршат работата и без присуство на градоначалникот. Денешната средба на Координативното тело за превенција од непогоди, составено од претставници на централната и локалната власт, покажа дека Општина Охрид во потполност одговара на поставените задачи во однос на актуелната ситуација, а министрите Јанакиевски и Коњановски беа убедени дека најлошто е зад нас, а сигурно соодветно ќе се одговори на следните предизвици. Затоа, ОК на ВМРО ДПМНЕ најнапред треба да се консултира со своите партиски шефови за да не си противречат меѓусебно, а не да се истрчува со бледи несеризони обвинувања и конструкции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |