
По повод 8 Март, градоначалникот Александар Петрески со дел од своите соработници, денеска ги посети Здруженијата на инвалидизирани лица и на пензионерите од Охрид и Дебрца. Со цвеќе за припадничките на понежниот пол, честитајќи го празникот, градоначалникот Петрески истакна дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да ги помага сите граѓански здруженија кои претставуваат значајни субјекти во градењето на цивилното општетство.

На средбата со Здружението на инвалидизирани лица, градоначалникот Петрески беше информиран за активностите и програмите на здружението, а средбата со пензионерите помина во славеничка атмосфера со културно-уметничка програма.

Извор: www.ohrid.gov.mk |