Она што често го посочуваме и што се потврдува во секојдневието дека малку или недоволно ги цениме убавините што не’ опкружуваат, се потврдува уште еднаш. За зимските убавини и можности за развој на зимските спортови во руралните средини, неодамна репортажа објави сателитската ТВ „Алсат-М“, посочувајки ги предностите за развој на зимскиот одмор во Куратица.
Мора да се признае дека покрај она што го дарувала природата, заслужува поддршка и пофалба ангажираноста на раководството на Месната заедница од Куратица како и определбите на жителите да живне селото токму во Зима.
 |
Дали некогаш сте помислиле дека на скијање, среде зима, може да дојдете и во Охрид? Ако тоа до сега беше незамисливо, од сега натаму некој убав викенд, со скиите на рамо би можеле да поминете и овде. А има и зошто.
“Услови има овде. Ако се сака да се организира може сè да се направи. Ова е Куратица. Многу е добро чуството, се собира народ. Кога има снег овде, ова редовно го правиме. Има и други места каде може да се скија, но овде ни е најблсику до селото и најубаво”, вели еден од скијачите.
Освен на скии, за спуштање по снежната падина над селото кое се наога на 1.100 метри надморска височина, се користеа разни реквизити. Добрата забава под рефлектори ја надополни и топлата ракија која се делеше на посетителите. Организаторите најавија дека веќе наредната зима ова охридско село ќе прерасне во вистински ски-центар. Ќе бидат поставен ски-лифтови, ќе се изгради ски-патека, а ќе биде набавена и машина за тапкање на снегот.
“Од Швајцарија ќе ја набавиме таа опрема. Имаме некоку идеи. Едната од патеките се наога на повисока височина над селото. Почетната точка на ски-лифтот би бил на 1.250 метри надморска височина. Минатата недела во Охрид имаше дожд, а овде падна 50 сантиметри снег. Имаме зацртано програма за развој на селото во наредниве 20 години”, вели Горан Ангеловски, претседател на Месната заедница.
“Машината за тампонирање на снегот-“Ратрак“, чини околу 7.000 евра и би ги задоволувала потребите овде. Ски-лифтот во должина од 800 метри би чинел околу 100 илјади евра. Лугето од грацуската алпинистчакат организација беа овде. Се чудеа зошто покрај вакви можности сето ова не е ставено во функција за развој на туризмот“, објаснува Мицковски.
За сега во Куратица има само 50 легла за сместување, но голем дел од месното население се подготвува на идните туристи овде да им нуди сместување и храна. Во прилог оди и податокот дека Охрид е на само 20 км од овде.
Снег ќе има уште повеќе бидејки денес во охридско паднаа уште неколку нови сантиметри.
Извор: www.ohrid.gov.mk |