Уште во првиот ден на годинешното дводневно чествување по повод 117-та годишнина од смртта на Григор Прличев, организаторот на традиционалната свеченост на која се претставува победничката поема и се врачува наградата на победникот на Конкурсот, НУ Центар за култура се покажа како недораснат за организирање на таква значајна свеченост во рамките на „Прличевите беседи“.
Недостојно за чествувањето на ловороносецот од Атина и за свеченоста на која се претстави лауреатот на Конкурсот за најдобра поема, писателот Михаил Ренџов, претставувавањето на неговата поема „Предвесница“ добитник на наградата „Григор Прличев за 2009.“ и Беседата на академик Витомира Митевски, се одржаа во студена и воопшто незагреана сала на минус 3 степени !
Убавината на поетската реч, умешното беседење и топлината што ја греат душата на посетителите на вакви свечености, заради неспособноста на организиаторот, беа некаде далеку од салата во НУ Центар на култура во Охрид во која се оддаваше почест на авторот на најдобрата поема за минатата година.
Дали ваквата скандалозно организирана свеченост на ниво на состанок на месна заедница, ке ја пробуди совеста на министерката за култура Канчевска-Милеска за да поведе сметка кого се’ поставува да се грижи за културата и добива средства за таа „грижа“ ?
Извор: www.ohrid.gov.mk |